Достапни линкови

Има ли криза во владината коалиција?


Премиерот Груевски и владините министри
Премиерот Груевски и владините министри

Експертите со поделени мислења за тоа дали владината коалиција е во криза. Дел од нив сметаат дека последните случувања се обид на ДУИ да привлече внимание, додека други сепак препознаваат криза во владата.

Јавноста има поделени мислња дали владината коалиција е во сериозна криза или пак ДУИ, само се обидува да си ја засили позицијата пред евентуалната владина реконструкција за која се посилно се шпекулира во политичките кругови.
Во изминативе неколку денови, од владејачката ДУИ, некогаш јавно, а некогаш полујавно, изразуваа несогласување со некои владини политики. Пратеникот Вулнет Ахмети, вчера јавно го посочи министерот за образование Перо Стојановски како одговорен за нерегуларностите кои биле утврдени во работата на Тетовскиот Универзитет. Ден претходно Собранието го симна Законот за
Мислам дека ова е повеќе шоу на некој начин
внатрешни работи од дневен ред. Официјално, законот се повлекува поради дополнителни консултации, но неофицијално, имало несогласувања меѓу владините партнери за одредени решенијата во законот. Истиот ден, собранието не го стави случајот Сопот на дневен ред, поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ, иако ДУИ гласаше ЗА. Политикологот Владимир Божиновски вели дека, по обвинувањата од албанските опозициски партии, ДУИ со овие потези сака да покаже дека има интегритет.

,,Може да е во принцип на некој начин обид на ДУИ да ги земат тие оние тврдења кои што произлегуваат од другите партии од албанскиот блок, дека се потчинети на ВМРО ДПМНЕ итн. Мислам дека ова е повеќе шоу на некој начин."

Професор Осман Кадриу, сепак, вели дека има тешкотии во функционирањето на коалицијата.

,,Некоја посериозна криза сеуште не постои, меѓутоа има симптоми кои зборуваат и укажуваат дека оваа коалиција тешко може да
Некоја посериозна криза сеуште не постои, меѓутоа има симптоми кои зборуваат и укажуваат дека оваа коалиција тешко може да функционира во иднина
функционира во иднина."

Кадриу вели дека Македонија има сериозни проблеми со евроинтеграциите и со рамковниот договор, а ДУИ е под постојана критика дека носи дел од вината за тоа. Ако тие проблеми набрзо не се решат, ниту реконструкција на владиниот кабинет нема да и помогне на коалицијата, вели Кадриу. Од друга страна, пратеникот Тахир Хани од ДУИ вели дека тие имаат право да реагираат на пропустите на владата, но тоа не значи дека има криза.

,,Нашите односи со ВМОР ДПМНЕ се добри инаку пратеник од ДУИ има право да интервенира во делот каде што владата, односно Министерот за образование треба да реагира на одлуката на Собранието."

Пред околу два месеци, потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити порача дека ДУИ нема уште долго да стои со скрстени раце за евроатлантските процеси во земјава. ДУИ речиси постојано повторува дека е потрбна и поголема димамика во спроведувањето на Охридскиот договор.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG