Достапни линкови

Случајот Тарчуловски повторно пред судот


Љубе Бошковски и Јохан Трачуловски пред трибуналот во Хаг
Љубе Бошковски и Јохан Трачуловски пред трибуналот во Хаг

Во Хаг започна јавната седница по жалбата на одбраната на Јохан Тарчуловски. Експертите очекуваат ослободителна пресуда или намалување на казната.

Во Хашкиот трибунал започна јавната седница по жалбата на одбраната на Јохан Тарчуловски.Правните експерти очекуваат конечната судска одлука да биде позитивна. Но можниот позитивнен исход различно го толкуваат, едни очекуваат конечната одлука да биде
Тој ќе биде ослободен, на тој начин што судот ќе застане на став дека не стојат обвиненијата содржани во обвинителнииот акт по сите точки
ослободителна а други казната да биде намалена..Професорот Осман Кадриу вели дека треба да се очекува ослободителна пресуда.

,,Тој ќе биде ослободен, на тој начин што судот ќе застане на став дека не стојат обвиненијата содржани во обвинителнииот акт по сите точки. Нема докази и не е правно доказливо."

Пензионираниот полковник, Благој Марковски кој беше сведок на одбраната на Јохан Тарчуловски не очекува ослободителна пресуда туку намалување на 12 годишната казна.

,,Не сум сигурен дека ќе биде потполно ослободен, но убеден сум дека ќе биде намалена, затоа што сите факти укажуваат дека Тарчуловски нема направено дело за таква казна."
Не сум сигурен дека ќе биде потполно ослободен, но убеден сум дека ќе биде намалена, затоа што сите факти укажуваат дека Тарчуловски нема направено дело за таква казна


Во целиов случај се наметнува прашањето колку македонските надлежни институции помогнаа и учествуваа во овој процес .Професорот Кадриу смета дека македонските институции не соработувале доволно со хашките.

,,Нашите институции колку што ми е познато не се многу ангажирани во овој процес, во оваа постапка. Имало кажувања повеќе од политичка, отколку од правна природа."

За вклученоста на институциите во хашкиот процес Марковски има поинаков став.

,,Сите институции во Република Македонија, навистина несебично во моментов се залагаат да се исправи неправдата што му е нанесена на Тарчуловски, и да се одбрани и Република Македонија бидејќи преку одбраната на Тарчуловски се бранат и законот и уставот во Република Македонија."

Одлуките за жалбите според досегашната пракса на Судот , веројатно треба да бидат донесени до крајот на годинава или почетокот на наредната година.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG