Достапни линкови

logo-print

Политика и религија


Соборниот храм во Скопје

Соборниот храм во Скопје

Дневната политика навлезе и меѓу најголемите верски заедници, коментираат експертите и додаваат дека некои владини одлуки придонесуваат за влошување на меѓуетничките односи. Домашните аналитичари посочуваат дека е жално што ниту МПЦ, ниту ИВЗ не преземаат ништо за подобрување на состојбата и влијание кај верниците.

Дневната политика влезе во најголемите верски заедници во Македонија. Некои владини одлуки, пред се околу проектот „Скопје 2014“ ги влошува и односите меѓу МПЦ и ИВЗ. Речиси една година не функционира интеррелигискиот одбор составен од поглаварите на верските заедници . Наместо верска толеранција, општеството се воведува во опасните води на ривалитет, а власта како да ги напушта уставните основи на секуларноста, вели Даниел Димевски, црковен алналитичар.
Да се христијанизира Македонија под велот на Крст на Водно, Скопје 2014 итн. Верата, односно верските зедници станаа инструмент на политиката

„Македонската православна црква е институција со достоинство. Нема потреба од премногу туторство и вметнувања, таа самата да помогне во оваа непријатна состојба.“

Свештенствотo стана продолжена рака на политичките елити, оцени неодамна Алајдин Демири, професор на Универзитетот на ЈИЕ.

„Да се христијанизира Македонија под велот на Крст на Водно, Скопје 2014 итн. Верата, односно верските зедници станаа инструмент на политиката.“

Дебатата за меѓуконфесионалните односи, неодамна во Тетово ја бојкотираа преставниците на МПЦ и Католичката црква во Македонија. МПЦ станува дел на внатрешните и надворешно-политичките приоритети на власта. Тоа на индиректен начин го соопштува и владиката Методиј, говорејќи за приоритетите на црквата.

„Македонската православна црква се обидува да биде критериум на народот во однос на тие прашања, и по прашање на името и по прашања на некои внатрешни превирања што се случуваат во државата, а секако никогаш неможеме да бидеме доволно активни.“
Јас имам впечаток дека ниту политичката елита, ниту религиската елита работат на поправање на етничките и меѓурелигиските односи во Македонија.

Двете верски заедници имаат и свои внатрешни проблеми и немоќта да се справат со нив се заканува да се пренесе врз верниците или во заладување на меѓуконфесионалните реалции, вели оџата Рамадан Рамадани:

„Одреденото мешање на некои од политичките елити во некои работи на некои верски организациии, овие односи се влошуваат. Станува многу критично од аспект на иднината на добрите односи, што мислиме дека негативно ќе се одрази на светската Меѓурелигиска конференција што годинава ќе се оддржи во Охрид.“

Меѓусебното непочитување кај свештенството од исламот или христијанството може да се пренесе и врз верниците, а растечките внатрешни проблеми меѓу Албанците и Македонците се стимулирани и со напуштање на политиката на меѓусебно уважување, вели универзитетски професор по социологија на религија Зоран Матевски.

„Јас имам впечаток дека ниту политичката елита, ниту религиската елита работат на поправање на етничките и меѓурелигиските односи во Македонија.“

И додека течат подготовките за новиот Охридски самит на светските религии и цивилизации, се поотворената нетрпеливост меѓу поглаварите на МПЦ и ИВЗ го загрозува стекнатиот имиџ на земја со почитување на верската различност.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG