Достапни линкови

Исполитизирано општество


Собрание на РМ

Собрание на РМ

Политиката во Македонија е присутна во секоја свера од општеството, во кое политичарите се најголеми ѕвезди, велат експертите и граѓаните. Социолозите сметаат дека ерозијата на општеството, тоа што луѓето немат доволно пари за егзистенција, ги тера да се занимаваат со политика.

Македонија е едно исполитизирано општество во кое политичарите се најголеми ѕвезди, велат и граѓаните и аналитичарите. Политичарите ги има на секаде, на удирање на камен темелник, на маалско игралиште или промоција на нови канти за отпадоци. Даваат изјави за се и сешто, дури и за области за кои не се експерти, одлучуваат за цената на јаболката, предвидуваат поплави, посетуваат стецајци, родилки на 1 јануари, се сликаат во секое село и се само за да привлечат гласови, велат дел од домашните аналитичари.

Патриоти и предавници


Во земјата ни најмал настан неможе да помине без партиски препукувања, без да се појави премиерот, без да се вмешаат патриоти и
Велат: Господ да те чува од сиромав политичар
предавници, без да се појават народните избраници. На обичните луѓе пак им е доста од политика, велат дека повеќе не им веруваат на политичарите.

,,Сега веќе не, порано да."

Македонскиот премиер Никола Груевски во увид на новите објекти кои што се градат во центарот на Скопје
,,Си ги средија нивните животи, а нашите?,“
Тие не одат по селата и по градовите за да ги видат проблемите, одат за да подготвуваат идни избори

,,Велат: Господ да те чува од сиромав политичар"

,,Секој си бара свој дел од колачот да си земе, а ние мораме да купуваме нешто поевтино."

Граѓаните велат дека политичарите мислат на луѓето само за време на избори. А се она што во меѓувреме го пратат, го прават само за да соберат повеќе гласови.

,,Тие не одат по селата и по градовите за да ги видат проблемите, одат за да подготвуваат идни избори."

,,Собираат поени за гласање, за ништо друго."

,,Граѓаните не се прашуваат за ништо, само за гласање кога треба. Ова е чиста измама."

Политичарите пак велат дека сакаат да бидат поблиску до народот, да им ги слушнат изворно проблемите, да бидат запознаени со се „од прва рака":

,,Ние имаме средби со граѓаните затоа што сакаме да се запознаеме со проблемите што тие ги имаат, сакаме да ги детектираме нивните потреби, за да бидеме пофункционални во власта."
Ние имаме средби со граѓаните затоа што сакаме да се запознаеме со проблемите што тие ги имаат, сакаме да ги детектираме нивните потреби, за да бидеме пофункционални
вели Тахир Хани од ДУИ.

И од СДСМ со новата програма и со преструктуирањата, се вртат повеќе кон народот. Па така нивниот лидер деновиве, ги посети стечајците, земјоделците а беше во посета и на старата чаршија. Секретарот на СДСМ Андреј Петров вели дека средбите со граѓаните се дел од новата програма на партијата.

,,Значи, одиме прво во поголемите градови, потоа ќе се дисперзираме и по селата и тоа еден дел во кој што ќе се трудиме преку директни средби со граѓаните да ја објаснуваме нашата програма."

Експерти: Слатка власт

И владеачката партија е позната по нивните појавувања на сите „битни“ настани. Од средби со рок пејачи, со промоција на канти за одпадоци и удирање на камен темелници на секој објект чија изградба започнува. Социолозите сметаат дека ерозијата на општеството, тоа што луѓето немат доволно пари ни за егзистенција ги тера да се занимаваат со политика. За политика се збори и на слава и на погреби. А тоа го искористуваат политичарите и затоа ти е се најголеми ѕвезди во земјата. Социологот Илија Ацески вели дека во Македонија се се гледа низ призмата на политиката, а политичарите се тие кои ги ловат душите на луѓето.

Бранко Црвенковски и Никола Груевски
,,За нив човекот е пред се` глас, некој што ќе гласа, и во таа би рекол, заслепеност тие изгубија некои вредности во таа комуникација и почнува еден од и тука е изгубена таа мерка, она што го нарекуваме ,,разулавеност" односно изгубена мерка."

Политиката во Македонија е вмешана во секоја сфера во животот. Од образование, религија, спорт, култура, до наука, избор за Евровизија, справување со поплави, поставување на споменици. Од осамостојувањето на Македонија па наваму политиката е доминантна и котира над сите други сфери од општественото живеење, но сега прерасна во екстремно политизирано општество, велат аналитичарите.

,,Политичарите актуелни, мислат дека сиот живот зависи од нив и дека само тие се тие што можат да ги одредуваат општествените токови." вели политикологот Хисен Рамадани.
Не се води сметка за пошироките интереси, не се води сметка за ништо друго освен да се дојде и да се остане на власт по секоја цена

Партиите ги користат сите расположливи средстава за да дојдат до власт и да се одржат на неа. Мислејќи само на сопствениот рејтинг, тие често ги занемаруваат државните интереси и последиците што може да настанат од таквите нивни активности, велат дел од домашните аналитичари. Професор Мирјана Малевска вели дека е нормално политичките партии да се борат да дојдат и што подолго да останат на власт, но дека собирањето политички поени по секоја цена е поразително.

,,Не се води сметка за пошироките интереси, не се води сметка за ништо друго освен да се дојде и да се остане на власт по секоја цена."

Но, мешањето на политиката во сите сфери на оптеството не значи дека нешто се и решава, дека работите одат на подобро, дека се работи на остварување на приоритетите. Владимир Милчин од „Институт Отворено Општество" вели дека во земјата се дискутира за се и сешто освен на битните прашања.

,,За кои прашања кај нас нема разговор? Нема за клучното прашање, ќе оди Македонија во ЕУ или нема да оди, ќе оди ли Македонија во НАТО или нема да оди а тоа е врзано со прашањето за името. Ние на таа тема на она што се вика политички фактор, немаме. Граѓаните на Македонија незнаат дали се преговара и за што се преговара."

Политички дијалог, наместо празни ветувања
и обвинувања

Според социолозите, во сиромашно општество политиката е доминантна
На луѓето име преку глава од ветувања , и од тоа што со години земјата има исти приоритетни теми, а сеуште нема напредок во нивото решавање. Во македонското општество во сите сфери се доминантни песимизмот и скептицизмот. Тоа води до една состојба на анархија , за која тешко може да се претпостави како ќе заврши, вели социологот Ацески.

,,Вие неможете да претпоставите кои сили сега ќе почнат да ловат во условно кажано ,во матно`, тоа значи да ги прегрупираат, да ги придобиваат за некои краткорочни или долгорочни цели без разлика, сили кои што може да го доведат интегритетот на земјата во прашање."

Комуниклозите велат дека на луѓето им е смачено од однесувањето на политичарите, а тоа го покажуваат и анкетиите на кои повеќето од испитаниците се изјаснуваат дека ако има изборите тие ќе апстинираат.
Ако ги погледнете рејтинзите на политичките партии ќе видите дека се повеќе и повеќе луѓе се неопределени или апстиненти. Тоа генерално значи дека се заситени од тековната политика


,,Ако ги погледнете рејтинзите на политичките партии ќе видите дека се повеќе и повеќе луѓе се неопределени или апстиненти. Тоа генерално значи дека се заситени од тековната политика." Вели комуниклогот Петар Арсовски.

Луѓето од граѓанскиот сектор велат дека денешното општество е труло. Политичката состојба во државата потсетува на сапунска опера, вели директорот на невладината „Цивил“, Џабир Дерала.

,,Политичкиот натпревар и интелектуалниот двобој станаа непознаница, наспроти нив се соочуваме со политичка рововска борба во која страдаат граѓаните и системот воопшто, додека партијата станува сакрален објект на слепо следеништво."

За да се сопре лудилото во овој момент, потребно е да се поврати довербата во институциите, поголема политичка култура, конструктивен дијалог, поголема одговорност. Евроамбасадорот Ерван Фуере на дебата посветена на полиитчкиот дијалог и култура, изјави дека дијалогот мора да потекнува од лидерите, а тоа потоа ќе се рефлектира во сите сфери на живеењето.

,,Кога средбите ќе станат редовна практика од еден политички процес, тогаш автоматски ќе имаме помалку конфронтација во општеството. Кога луѓето ќе видат дека политичарите им даваат пример со тоа што се среќаваат, што дискутираат, тоа ќе помогне да се креира една попозитивна атмосфера во општеството."
Кога луѓето ќе видат дека политичарите им даваат пример со тоа што се среќаваат, што дискутираат, тоа ќе помогне да се креира една попозитивна атмосфера во општеството

И потпретседателот на СДСМ, Гордан Горѓиев се согласува дкеа за „некултурата“ во политиката се виновни високите партиски ешалони.

,,Најчесто тоа по пирамида е од лидерот, ако имате авторитарен лидер, ако имате некој што мисли дека со негативна кампања, со погрешна реторика може да го победи противникот или да ја обезвредни целата смисла за дебата, тврдам дека на тоа највисоко ниво на политичките партии, тука се крие клучот за политичката култура или некултура во Македонија."

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски пак вели дека дијалогот не мора секогаш да резултира со решенија.

,,Политичкиот дијалог не значи дека мора да се стигне до заеднички заклучок или дека мора критиката да биде преточена во одлука."

Луѓето пак сакаат политиката да е во втор план, да имаат работа и пари , да можат да шетаат, и после долгата транзиција да можат да уживаат во животот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG