Достапни линкови

Етика на религиите наместо веронаука


Експертите велат дека заменувањето на предметот веронаука, укинат од Уставниот суд, со етика на религиите, е уште понесреќно решение бидејќи уште повеќе ќе ги диференцира разликите.

Изучувањето на веронауката во училиштата станува минато, но тоа де факто не значи дека учениците ќе имаат предмет помалку за учење. Напротив од септември, кога и стартува новата учебна година петтооделенците ќе се запознаат со етика на религиите, новиот предмет во училиштата . Наместо веронаука, учениците ќе можат да изберат помеѓу историја на религија и етика на религијата. Со поддршка на експерти по уставно право, професори и теолози, надлежните институции веќе ги правата првичните подготовки. Едно е сигурно дека во новиот предмет не е се вклучени обредите и молитвите како што тоа беше случај со веронауката.
За експертите, воведувањето на етиката на релгииите е уште по несреќно решение од предходно.
Бидејќи сега децата односно учениците ќе слушаат посебно, исламска етика, христијанска етика, што имплицира дека се тоа различни системи и наместо да спојува уште повеќе ќе ги диференцира разликите


,,Бидејќи сега децата односно учениците ќе слушаат посебно, исламска етика, христијанска етика, што имплицира дека се тоа различни системи и наместо да спојува уште повеќе ќе ги диференцира разликите."

оценува универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски
Поранешниот министер за образование Нанад Новковски кој во 2002 година го иницираше изучувањето на верската настава во основните училишта уверувајки дека со воведувањето на веронауката нема да се предизвика омраза по верска основа.

,,Таа исто така е поврзана и со идентитетот, оние кои што настојуваат да не обезличат на секој начин исто така се обидуваат и преку овие содржини да не одалечат од нешто што би било запознавање на нашите корени."

Вели Ненад Новковски.
Македонската православна црква будно го следи потезите на Валада најавувајки дека ниту во еден момент нема да се откаже од заложбите млади да се запознаат со основите принципи на верата на која и припаѓаат но ќе инсистираат да се има барем елементарно познавање и од останатите религии. Засега се уште е неизвесно кои ќе го предава овој предмет иако се погласни се сугестиите дека етиката на религиите дека да го предаваат исклучиво теоолзи а не филозофи или социолози.

,,И самото прекинување на веронауката беше или плод на едно недоволно разбирање за тоа што всушност се изучува и која е важноста од тоа што го дава веронауката или можеби и предрасуди кон самото име, веронаука, од една страна, а од друга страна, политички реваншизам."

Посочува отец Методиј Златанов.
Веронауката како изборен премет беше воведен минатата година но по неполна година со одлукна на Уставниот суд тој беше укинат. Сега Владата бара начин по секоја цена да го врати религиозното образование во училиштата.
XS
SM
MD
LG