Достапни линкови

Најмалку осум луѓе се повикани на разговор, се идентификувани и се уште се расветлува случајот, велат од МВР за инцидентот кој во саботата се случи на плоштадот Македонија во Скопје. 30-тина луѓе со ознаки на навивачите на Вардар, фрлале камења кон граѓаните,а во инцидентот е повредено едно 11 годишно дете.

Од Центарот за меѓуетничка толеранција, велат дека тие предупредиле дека може да дојде до меѓутнички тензии, потпирајќи се на резултатите од анкетата што ја објавија пред еден месец.
Кажавме дека подолго време во Република Македонија меѓуетничките односи се на работ на конфликт. Многу скоро можат да ни се случат меѓуетнички конфликти со помали размери кои последниве денови се случуваат и кои сериозно можат да ја дестабилизираат Република Македонија

„Кажавме дека подолго време во Република Македонија меѓуетничките односи се на работ на конфликт. Меѓуетничката толеранција според анкетата никогаш не била на пониско ниво од сега. Многу скоро можат да ни се случат меѓуетнички конфликти со помали размери кои последниве денови се случуваат и кои сериозно можат да ја дестабилизираат Република Македонија,“

вели генералниот секретар на Центарот, Владо Димовски.

Од невладината „Разбуди се“ велат дека нивото на меѓуетничките односи се уште не ја допрело точката на вриење, но дека работите не се ни баш најдоби. Исмаил Крифца вели дека е добро што во тие меѓуетнички тензии се уште не е вклучена и религијата.

„Бидејќи тоа ќе биде навистина уште покобно. Оти луѓето кога немаат спас во она што е вистинско, конкретно, зборувам за економија, подобар живот, стандард, се вртат кон духовното, надевајќи се дека тоа ќе ги спаси, а во тој случај, чувај боже.“

Претставниците од невладиниот сектор велат дека е потребна дебата, отворено да се разговара за проблемите и да не се допушта ситуацијата со меѓуетнички односи и понатаму да се влошува

„Секако дека тие дебати нема да го спречат порастот на меѓуетничката нетрпеливост, но ќе го забават тој процес,“

вели Димовски.

Последниот случај со каменувањето во центарот на Скопје, препукувањата за изградба на верски објекти на плоштад, несогласувањата за делови од енциклопедијата, до немирите во Нерези кои се случија минатото лето, сето тоа покажува дека е тенка линијата меѓу мирот и нетрпеливоста велат луѓето од невладиниот сектор.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG