Достапни линкови

Незавршена работа на Балканот


Сега кога Европа е речиси обединета и слободна, не е време да се ризикуваат тешко заработените придобивки во Југоисточна Европа. Ова го оценуваат американските сенатори, демократката Џин Шахин и републиканецот Џорџ Воинович во коментарот објавен во Вол Стрит Џурнал.

По двете катастрофални светски војни на европскиот континент, Соединетите Држави и трансатлантските сојузници изградија силна посветеност за целосна, слободна и мирна Европа. Овој историски зафат не беше лесен и беа неопходни многу напори, време и трошоци. Иако Соединетите Држави направија огромен напредок во текот на изминатите 60 години, работата сепак, не е завршена. Западен Балкан останува она парче што недостига од сложувалката во Европа, и нејзината интеграција во трансатланските институции и натаму е неостварлива цел.

Врз основа на нашите средби со лидерите во регионот во минатиот месец, кога ги посетивме Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија, ние веруваме дека од витално значење е Соединетите држави и Европа да ја обноват својата посветеност кон заедничката визија за обединета Европа. Минаа само 15 години од војната во Босна, а само 10 години од НАТО бомбите врз Белград.

Во тој краток период, регионот презеде значајни чекори за излез од својата проблематична историја. Повеќето земји сега имаат реален пат за членство во НАТО и во Европската унија. Но, додека Соединетите Држави и Европа се наоѓаат на врвот на реализирањето на својата визија за регионот, ова е исклучително чувствително време во Западен Балкан. Ниту еден од поддржувачи на овој проект не треба да дозволи таа нивна посветенот да избледи.

Ситуацијата во Босна и натаму сериозно загрижува. За да се издигне над своето блиско минато, Босна мора да преземе некои значајни политички и уставни реформи. Но, политичарите продолжуваат да ги користат стравот и поделбата како алатка за консолидирање на политичка власт, без оглед на цената што треба да ја плати земјата. Од друга страна босанците имаат се помала доверба во нивните политичари. Со претстојните избори наесен, актуелната политичка ситуација во Босна не создава добри предуслови за вистински промени во блиска иднина. Сепак, веруваме дека добро темпиран израз на поддршка од Евроатлантската заедница може да притисне дебатата во вистинската насока пред изборите. Заложбата за членство во НАТО и безвизниот режим со Европската унија може да ги
Обврска на сите земји во југоисточна Европа е да играат конструктивна улога во помагањето на регионот како целина, да се се движи напред. Сите овие земји треба да си признаат дека меѓусебно се поврзани. Никој од нив не ќе успее и ќе се развиее ако некој друг биде оставен зад нив.
поткопа оние политички лидери кои експлоатираат страв и несигурност.

Ситуацијата меѓу Косово и Србија и натаму е потенцијална кризна точка за регионот. Постои мало сомневање дека сонот за обединета Европа нема да се реализира без Србија да преземе водечка улога во соседството. Српското раководство веќе ја покажа својата посветеност кон европските институции. Меѓутоа, разликите околу Косово остануваат пречка за континуираниот напредок. Белград и Приштина имаат несогласувања и речиси е нереално да се надеваат на креативно, прагматично и одржливо решение кое најдобро ќе го штити и подобрува животите на сите етнички групи во целиот регион.

Брисел во наредните месеци и години ќе игра суштинска улога во интеграцијата на регионот. Но, вистинска опасност за тоа претставува и перцепцијата од таканаречениот „замор од проширување“. Загрижени од тоа земјите од Западен Балкан би можеле да ја напуштат нивната реформска агенда и да го запрат позитивниот импулс што го видовме во последниве години. Обврска на сите земји во југоисточна Европа е да играат конструктивна улога во помагањето на регионот како целина, да се се движи напред. Сите овие земји треба да си признаат дека меѓусебно се поврзани. Никој од нив не ќе успее и ќе се развиее ако некој друг биде оставен зад нив. Тие имаат една заедничка историја, а сите ќе имаат и една заедничка иднина поврзани со Европа. Америка и Европа имаат шанса да им помогнат да ги остварат овие соништа, но уште поважно, да ја остварат нивната заеднички визија за обединета, мирна Европа. Толку многу е инвестирано во тоа, што сега не е време таа визија да биде загубена, заклучуваат американските сенатори Џин Шахин и Џорџ Воинович во текстот објавен во Вол Стрит Џурнал.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG