Достапни линкови

Европа лидер во светот?


Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд

Кога Шпанија ќе го заврши 6 месечното преседавање со ЕУ работата ке биде предадена во рацете на новите постојани структури во Брисел. Тоа можеби изгледа како мал чекор но, всушност е гигантски за Европа. Тие со чуство за историјата – го разбираат значењето, пишува Карл Билд за Гардијан.

Историјата знае да се движи со мали чекори но тие да имаат значителни импликации. Европските нации кои неодамна се бореа едни против други сега заедно ги формираат своите надворешни политики со цел да станат посилни на глобалната сцена.

Токму затоа, според шведскиот министер за надворешни работи, европските револуции започнати во 1989 преставуваат период на огромен развој на ЕУ. Унијата се рашири од 12 на 27 земји членки и тоа придонесе за стабилност и просперитет на околу 100 милиони луѓе во источните и централните делови на континентот.

Модел за иднина или музеј на минатото?
EU - Social Protection bilboard, 2009

Билд пишува дека интересот за Европскиот модел се должи на трансформацијата од најголем светски проблем во еден од најважните глобални партнери на скоро секое поле.

Но сепак, смета Карл Билд, не се знае дали Европа ќе биде видена како модел за иднината или како музеј на минатото.




Отвореност за проширување


За да биде иден модел Европските влади и народи мора да останат посветени на една отворена Европа во еден отворен свет, што значи да продолжат да го почитуваат Членот 49 од Римскиот договор, кој ги отвара вратите за членство на секоја Европска земја која што е готова да ги дели вредностите, интересите и политиките на Европската Унија, вели министерот, чија земја преседаваше со ЕУ во втората половина од 2009.

Околу 150 милиони луѓе во југо-источна Европа, Западен Балкан, Украина и Турција имаат за цел да станат граѓани на Европската Унија. Процесот може да потрае но самиот тој ќе придонесе за модернизација и за демократкски реформи со што ќе ја зајакне цела Европа. Доколку Европа би ги затворила вратите на тие што се во можност и сакаат да станат дел од ЕУ, тогаш таа ке си ја загрози својата иднина, вели Билд, кој е добар познавач на европските и балканските состојби.

Глобалан модел врз соработка и интеграција

Мадрид - ЕУ проекција за Нова Година

Исто така, според шведскиот министер, многу е важна е и посветеноста на економските реформи во самата ЕУ. Економскиот успех или неуспех во следната декада ќе биде друг критичен елемент.

Срамно е што, вели тој, само 2 од 27 земји од Европската Унија ивестираат 3 насто од бруто домашниот производ за истражување и развој. Важно е што Европската Унија гради лидерство во сферата на социјални, политички и технолошки иновации кои што ќе бидат потребни во транзицијата кон идната ниско-јаглеродна економија што пристигнува

Отворена Европа мора да биде целосно посветена на отворена глобална економија. Одржливата глобализација не е само интерес на Европа туку и единствен начин да се помогне на милијарди луѓе во борбата против сиромаштијата и да се направи подобра основа за владеење на правото.

Потребно е Европа, продолжува Карл Билд во текстот за Гардијан, да изгради длабоки стратегиски односи со сите клучни играчи во повеќе поларниот свет.

Европската Унија е основана врз соработка и интеграција и токму заради тоа има потенцијал да биде иден глобален модел.

Но за да се успее мора да се искористат максимално новите Лисабонски институции, да се забрза економската реформа, да се задржи отвореноста на Европа и да се направи нова рамка за глобално управување, пишува за Гардијан Карл Билдт министер за надворешни работи на Шведска.
XS
SM
MD
LG