Достапни линкови

logo-print

Западот треба да го одржува мирот на Балканот


Ова, во интервју за Радио Слободна Европа, го оценува професор Анатол Ливен од одделот за воени студии на Кингс колеџот во Лондон. Според него, поделбата на Косово на албански и на српски дел е можна, за разлика од Босна и Херцеговина каде што тоа би било посложена работа.

Со најавите за намалување на меѓународното присуство во Западен Балкан се интензивираат оценките дека тоа е пребрзано со оглед на најновите тензии во Босна и Херцеговина и на Косово, односно со можните нивни поделби.

,,Мислам дека спречувањето на избувнувањето нова војна е можна мисија за Западот. Всушност, оваа мисија во изминативе 14 години и беше остварена. Сепак факт е дека Босна се уште не е залепена во една држава во која нејзините жители би се чувствувале како босанци, а не како срби, хрвати или бошњаци.,,

Вели професор Анатол Ливен во интервјуто со новинарката на Радио Слободна Европа Бранка Тривиќ. Според него, не постои алтернатива на евроатланските интеграции или, како што вели, доколку граѓаните би биле ставени во ситуацијата да избираат меѓу членството во Европската унија и моменталната состојба на поделеност, тие би ја избрале Европа.,,Европската унија и НАТО веројатно нема да успеат жителите на Босна да ги претворат во еден народ, но ако останат доволно долго, веројатно ќе спречат нови конфликти,, оценува професор Ливен, наведувајќи дека во случај на поделба на Босна тоа ќе биде понижување за Западот.
Факт е дека Босна се уште не е залепена во една држава во која нејзините жители би се чувствувале како босанци, а не како срби, хрвати или бошњаци...


,,Што се однесува до Косово, мислам дека целосно е незамисливо неговото враќање во Србија, но од друга страна, без меѓународната заедница не би имало соодветни гаранции за првата и иднината на тамошните срби. Значи и тука важи тоа: или Западот ќе остане доволно долго и ќе ги држите двете страни во мир или ќе дојде до поделба.,,

Професор Левин смета дека сепак, до поделба ќе дојде, бидејќи за разлика од Босна каде што тоа би било сложена работа, на Косово веќе постоеле јасно исцртани линии на поделба. Запрашан дали тоа значи дека Европската унија, Соединетите држави и НАТО се подготвени во Босна да останат доволно долго тој вели:

Мислам дека се подготвени на тоа доколку се во состојба да го одржуваат мирот со постојното ниво на силите. Но, никогаш не можете толку однапред да предвидувате, бидејќи кој знае што може да се случи со светот, па и со НАТО. Ако ги нема американците како гарант, не сум сигурен дека европејците ќе сакаат да останат.

Наведува професор Анатол Левин, кој потсетувајќи на улогата на европејците во деведесетите години, додава дека тие во случај на нов конфликт во Босна не би сакале нивните војници да гинат за повторно да восоставуваат мир. Затоа, како што додава, со извесното одржување на присуството, Европа и Соединетите држави нема да дозволат да дојде до таков развој на настаните.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG