Достапни линкови

Податоците на Агенцијата за вработување дека околу 3000 граѓани минатиот месец ја загубиле работата, синдикалните организации ги толкуваат различно. За едни тие се нареалани, додека за други ова претставува моментална состојба бидејќи земјава сеуште ги трпи последиците од рецесијата.

„Реалната состојба е многу полоша од тоа, многу работни места во индустријата се намалија, каде е Агенцијата за вработување да излезе со тие податоци?“
Реалната состојба е многу полоша од тоа, многу работни места во индустријата се намалија, каде е Агенцијата за вработување да излезе со тие податоци?


„Тоа е моментална состојба, бидејќи во делот на намалување на индустриското производство влегуваат повеќе фактори“,

изјавија Милан Живковиќ од Сојузот на синдикати и Раско Мишковски од Унијата на независни синдикати. И покрај падот на индустриското прозиводство поради економската криза, досега статистиката покажуваше дека бројот на вработени лица во земјава постојано се зголемува. Во Сојузот на синдикати пак сметаат дека и претходно било вештачко намалувањето на невработеноста.

„Што значи, кој е тој да докаже дека Агенцијата за вработување нема да избрише повторно 50 илјади невработени кои немаат право да бидат регистрирани и на тој начин повторно да се намали невработеноста во Македонија?“
Тоа е моментална состојба, бидејќи во делот на намалување на индустриското производство влегуваат повеќе фактори,

За економистите за очекување е дека годинава ке расте невработеноста бидејки секогаш се зголемува по рецесијата. Дарко Велков од приватната агенцијата за врабтивање пак за наредниот пероод очекува дека можно е да претстои поттикнување на позитивна клима на пазарот на трудот.

„Мислам дека сеуште трпиме последици од рецесијата. Се појавува циклус на зголемување на побарувањата во Македонија и надвор. На пример, од Црна Гора има побарување за угостителство и градежништво, што лани не беше пример.“

Минатата година најпогодени од кризата беа кожарската,текстилната и металската индустрија. За намалување на невработеноста најмногу може да придонесат странскиете директни инвестиции, смета професорот Сашо Арсов од Економскиот факултет во Скопје.

„Не можеме да очекуваме намалување на невработеноста. Нема најави за инвестиции, а она што се инвестира сега, Скопскиот аеродром, тука нема да има вработувања.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG