Достапни линкови

Невработеноста останува главен проблем


Сиромаштија и луксуз - Запрежна кола низ улиците на Скопје
Сиромаштија и луксуз - Запрежна кола низ улиците на Скопје

Последните податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека повеќе од 100 илјади од речиси 350-те илјади невработени луѓе во Македонија, се без работа една деценија.

Продавање на стари книги на улица, продавање на ѓевреци или мекици во количка, амалска работа, ѕидарија , обработување на земја или печалба. Вака, како што велат граѓаните, се снаоѓа поголемиот дел од македонското население кое се води како невработено во Агенцијата за вработување. Луѓето што живеат од продавање на стари книги пред Македонската опера и балет велат дека за нив економската криза трае повеќе од 15 години, а не е само во последнава година. Тоа се луѓе кои имаат повеќе од 40 години и како што велат не можат да „се вклопат“ во системот . Се жалат дека не успеале да преквалификуваат или доквалификуваат за да вработат со сите бенефиции, односно да бидат пријавени и осигурани. Своето семејство го издржуваат со продажба на стари книги и предмети.
Немам никакви примања, тука ако заработам 100 денари, ќе јадам. 35 години имам стаж, но пензија не ми даваат, требало да чекам до 62 години. Сметки не сум платила, струја, вода, телефонот ми го исклучијa


,,Немам никакви примања, тука ако заработам 100 денари, ќе јадам. 35 години имам стаж, но пензија не ми даваат, требало да чекам до 62 години. Сметки не сум платила, струја, вода, телефонот ми го исклучија.„

,,Немаштија, продавам стари работи и од тоа живеам, од тоа егзистирам и од работа ме избркаа, а сега и од овде ме бркаат и каде да одиме?„

..Не секој месец може да се врзе крај со крај од ова што го работиме. Некогаш не, некогаш да.„

,,Откако останав без работа пред 15 години, во тие првите 25 загубари и тогаш почнав со оваа работа и успевам некако да преживеам. Издржувам семејство, образувам деца и плаќам сметки, но со големи откажувања, понекогаш работам и по 12 саати.„

Една третина од регистрираните невработени во земјава чекаат за вработување повеќе од 8 години. Последните податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека повеќе од 100 илјади од речиси 350-те илјади невработени луѓе во земјава, се без работа една деценија. Околу 50 илјади од регистираните невработени чекаат вработување од 5 до 7 години. Тоа значи дека половина од невработените се „клиенти“ на Агенцијата најмалку 5 години.

,,Искрено да ви кажам јас од 1994 година се пријавував, до ден денеска работа не ми дале.„

,,Се пријавуваме, што да правиме.„

,,Мажот ми е без работа, дома е, но само здравствени картони од овде зема. Јас сум без работа 13 години, болна сум и сега никаде неможам да работам.„

Загрижувачки е фактот што околу 40 отсто од невработените се млади луѓе, велат експертите. Во Агенцијата за вработување се заведени како невработени повеќе од 20 илјади млади со завршено високо образование. Работа немаат и речиси 250 магистри и
Немаштија, продавам стари работи и од тоа живеам, од тоа егзистирам и од работа ме избркаа, а сега и од овде ме бркаат и каде да одиме
доктори на наука. Афродита Кермичиева Пановска од фирма за управување и развој на човечки капитал вели дека постои голема разлика помеѓу понудата и побарувачка на работна сила.

,,Тоа воопшто не е релевантно дали дипломирале и што дипломирале, бидејќи тие воопшто неможат да работат, не се работоспособни, немаат работни навики... кај нас луѓето одат на магистратура и на докторат од проста причина што немаат што друго да прават во животот после завршување на факултет.„

Економистот Христијан Ристевски од Центарот за економски анализи вели дека нискиот животен стандард и високата стапка на невработеност ги тера луѓето свесно да ја подржуваат сивата економија.

,,Со цел да најдат некои поевтини производи и услуги, тие се одлучуваат да купуваат од трговци кои што не се регистрирани, односно работат во сивата економија. Од друга страна пак, тие што ги продаваат тие производи по зелени пазари, или пак нудат занаетчиски услуги со цел да заработат нешто, работат за да заработат нешто минимално и се прикриваат од властите бидејќи неможат да ги платат даноците.„

Експертите сметаат дека сивата економија е една од причините поради која бројката на невработени е нереална. Но тоа не го поништува фактот дека стапката на невработеност е голема тврдат аналитичарите.Тие велат дека проблемот лежи во тоа што големиот
Кај нас луѓето одат на магистратура и на докторат од проста причина што немаат што друго да прават во животот после завршување на факултет
број на невработени во последниве двасетина години тапка во место. Анкетата во последното издание на „Евробарометар“ покажува дека од европските земји, Макеоднија има највисока стапка на невработеност. Анкетата се фокусира на трудовата политика и социјалната заштита во Европа. Во Сојузот на синдикати на Македонија велат дека бројката од 350 илјади невработени е нераелна и нелогична. Раководителот на секторот на заштита на права на работниците во Сојузот, Драги Јовановски вели дека се манипулира со бројот на невработените.


,,Велат дека се намалил бројот на невработени, што не е точно. Не значи дека ако човекот отишол во Агенцијата, дека тој е вработен. Мораме да споменеме дека во Македонија има до 800 илјади луѓе кои што не земаат никаков приход.„

Невработеноста со години беше и останува првостепен проблем во државава, со кој ниту една влада досега не успеа да се справи, посочуваат експертите. Тие велат дека економската криза како „да достави сол на веќе старата рана“. Од рецесијата, најголем удар претрпеа челичната, преработувачката и текстилната индустрија. Бројот на работниците во индустријата во октомври 2009 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за речиси 9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Заводот за статистика, гледано по сектори, во октомври 2009 година, во однос на истиот месец лани, најголемо намалување на бројот на вработени имало во секторот Вадење руда и камен за 11проценти , потоа во преработувачката индустрија бројот на работници се намалил за 9 проценти , а најмалку се намалил во секторот за снабдување со електрична енергија, гас и вода за два проценти. Во октомври месец најмногу работници биле отпуштени во групата производство на текстил и текстилни производи, каде што е забележано намалување од речиси 20 проценти. Директорот на „ Макстил“ Алекснадар Панов вели дека со рецесијата опаднато е производството во овие три гранки.Индустриското производство во октомври годинава бележи намалување во однос на
Првата фаза обично е принуден одмор, таа одлука е ако нешто краткотрајно, ако не се работи за нешто што трае долго, но нормално ако потрае подолго, како што трае, втората фаза ќе биде отпуштање на работници со една цел, колку толку да се намалат трошоците на работење
септември за речиси 9 проценти. Падот на индустриското производство во Македонија во септември и август изнесуваше 9,8%, а во претходните месеци таа бројка изнесуваше над 10%. Намалениот обем на работа содава дополнителни проблеми, посочува Панов.

,,Сите проблеми кои што после тоа излегуваат, се од тој проблем, бидејќи се зголемуваат трошоците, де факто компаниите дојдоа во состојба да размислуваат кои се мерки ќе ги преземат за тоа да се надмине.„

Панов вели дека намалениот обем на работа негативно се одразува и на бројот на работни места.

,,Првата фаза обично е принуден одмор, таа одлука е ако нешто краткотрајно, ако не се работи за нешто што трае долго, но нормално ако потрае подолго, како што трае, втората фаза ќе биде отпуштање на работници со една цел, колку толку да се намалат трошоците на работење.„

Драги Јовановски од Сојузот на синдикати, пак, обвинува дека работодавачите, понекогаш, ја користат економска криза како изговор да отпуштаат повеќе работници, за да заработат повеќе.

,,Тоа значи дека едни работници се преоптоваруваат со работа, додека други се отпуштаат. Значи, нема стандардизирани работни места, преку стандардизирање практично ќе се задолжи работодавецот на секое работно место да има работник и не ќе може да го отпушти, не ќе може да функционира нормално тој како работодавец и останатите во фирмата.„

За заштита на новоотуштените работници Јовановски предлага формирање на Фонд во кој ќе вложуваат сите претпријатија.

,,Работникот оди во Агенцијата за вработување за да добие еден нормален надоместок за една егзистенција, што секаде во западниот свет, во ЕУ, секој работник кој останува без работа добива одреден надоместок. Тоа е основната работа што државата треба да ја направи за да ги заштити своите граѓани.„
Работникот оди во Агенцијата за вработување за да добие еден нормален надоместок за една егзистенција, што секаде во западниот свет, во ЕУ, секој работник кој останува без работа добива одреден надоместок

Експертите препорачуваат неколку решенија за намалување на стапката на невработеност. Економистот Ванчо Узунов вели дека едно од тие решениа е креирање на нови работни места, создавање на поволни услови за развој на приватниот сектор , новипретпријатија кои ќе ја апсорбираат неврботената работна сила.

,,Малите и средните претпријатија, особено малите претпријатија се многу погодни за таа цел, бидејќи тие се многубројни, не вработуваат голема работна сила, но бидејќи самите се голема бројна популација, голем дел од работната сила се вработува во малите и средни претпријатија.„

Во услови на рецесија можат да се преземат марки за заштита на веќе вработените од отпуштање, вели Узунов. А тоа е дирекна помош на претпријатија кои се наоѓаат во тешка состојба.Односно за да не се зголеми бројот на невработени може да се ослободат краткорочно фирмите од давачки за вработените, да се ослободат од некои даноци со цел да им се намалат трошоците па така нема да имаат потреба работодавачите да ги отпуштаат работниците.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG