Достапни линкови

logo-print

Работниците спречени синдикално да се организираат


Работници во фабрика

Работници во фабрика

И покрај тенденцијата работничките права и односи во Македонија да се средат по европски терк, се уште рак рана останува синдикалното организирање на работниците во приватните фирми. Работниците се плашат синдикално да се организираат, со што останува простор за нивна експлоатација.

И покрај тенденцијата работничките права и односи во Македонија да се средат по европски терк, се уште рак рана останува синдикалното организирање на работниците во приватните фирми. Претседателот на Регионалниот синдикален сојуз при ССМ од Битола, Живко Митревски, признава дека една од слабостите на нивното функционирање е тоа што не успеале доволно да проникнат во приватните фирми.
Останува таа рак рана што некако не можеме да ги охрабриме нашите луѓе да се организираат и да влезат во синдикатот со цел организирано да настапуваме и организирано да ги заштитиме


,,Останува таа рак рана што некако не можеме да ги охрабриме нашите луѓе да се организираат и да влезат во синдикатот со цел организирано да настапуваме и организирано да ги заштитиме. На местата каде немаме формирано синдикат тие наши колеги и колешки се останати на празна ледина што е исклучително лошо и дава простор за експлоатација."

вели Митревски. Ете на каков прием наидуваат синдикалците кај сопствениците на приватни бизнизниси?

,,Па, мислам дека ги избегнуваат средбите, а на тој план мислам дека е присутен и притисок од страна на газдите врз работниците да не се зачленуваат во синдикат."

додава Митревски.
Познато е дека синдикалната заштита на работничките права не се практикува во грчките текстилни фабрики во Битола. Но, на синдикалните движења се алергични и повеќето газди кои водат приватни бизниси. Така еден куп работници остануваат незаштитени. Се осигуруваат со скратено работно време, а работат по осум и повеќе часа, придонеси за високообразован кадар се плаќа како за чистачи и слично.
Колку што ми е познато во Европа тоа не постои. Во Шведска ние имаме право и тоа запишано да создаваме синдикални организации. Ние имаме добра соработка скоро по сите прашања со нашите работодавачи


,,За жал, иако еден од најлибералните устави е Уставот на Р.Македонија и законот кој дава исклучителна слобода и предвидува слобода вклучително и на синдикатот, најверојатно поради големиот пазар на труд што е присутен во државата и големата невработеност, не се користи доволно, а од друга страна тоа го користат работодавачите. Буквално како да владее некој страв."

вели Митревски. Тој додава „очигледно дека државата на овој план мора многу повеќе да работи и преку своите институции и преку инспекторите, овој страв да го елиминираме. За разлика од Македонија, колку во Европа газдите смеат да попречат синдикално организирање на работниците?

..Колку што ми е познато во Европа тоа не постои. Во Шведска ние имаме право и тоа запишано да создаваме синдикални организации. Ние имаме добра соработка скоро по сите прашања со нашите работодатели."

објаснува Уле Лудвигсон, европратеник и долгогодишен синдикален активист во Шведска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG