Достапни линкови

Се поголем број на млади кумановци, притиснати од сиромаштијата, заминуваат на печалба во ризичните земји на Блискиот и Средниот исток. Не се знае точниот број, бидејќи никој во државата не води евиденција.

Куманово од некогашен индустриски центар во државава, последната деценија стана печалбарски град. Сиромаштијата, невработеноста, или пак вработени со ниски и нередовни примања во повеќето фирми, а и оние кои немаат партиска книшка, роднински и пријателски врски се повеќе бараат начини за заминување на печалба со посредство на американските компании во ризичните земји на Блискиот и Средниот Исток. Колку кумановци се на печалба никој во државава не знае, оти никој за тоа не води
Се борат за опстанок. Немаат друга егзистенцијa
евиденција. Се претпоставува дека од градот има најмалку 2 илјади печалбари од најразновидни профили. Месечната плата е од илјада и петстотини до 4 илјади американски долари, сума од која оние што не можат да заминат им се крева коса на главата. Печалбарите не сакаат јавно да зборуваат за работата и условите под кои работат, но евидентно е дека нивните семејства имаат подобар живот и повисок стандард. Како кумановци гледаат на печалбарскиот бран:

,,Се борат за опстанок. Немаат друга егзистенција.„

,,Не знам што се случува во Куманово. Против тоа сум да одат младите, заради нивното здравје и др. Но,овдека нема работа и мора да одат. „

,,Можеби тоа е желба за подобар живот, егзистенција. Ги оправдувам.„
Не знам што се случува во Куманово. Против тоа сум да одат младите, заради нивното здравје и др. Но,овдека нема работа и мора да одат


,,Нивна желба и одлука. Можеби е подобро.“

,,Каква е ситуацијата во нашата земја, одат тие што овде немаат егзистенција.„

,,Имаат поголеми примања и секако и се подобрува стандардот.Секој со своја среќа, зошто да не одат. Ќе си го решат станбеното прашање.„
,,Многу голема невработеност.Луѓето одат само за опстнаок,за пари. Не сум за тоа.“

,,Голема плата и многу млади луѓе ги привлекува.“

Велат кумановци.
Од парите донесени од печалбарството градот и државата исто така имаат голема полза. Затоа кога печалбарите ќе дојдат во родниот град тријат раце речиси сите. Печалбарските пари се вложуваат во нови станбени и деловни објекти, се трошат во трговските дуќани. Но, печалбар еднаш, печалбар секогаш е она што ги следи печалбарите. И кога некои од нив ќе одлучат да се откажат од печалбарскиот леб со седум кори, откако нивните обиди да започнат сопствен бизнис или пак да најдат вработување завршува безуспешно, тие повторно ги пакуваат коферите и заминуваат. Неизвесно е до кога. Или пак до тогаш додека од нив странските компании ќе имаат потреба. А долгогодишното отсуство од семејниот живот веќе остава последици за кои веројатно допрва ќе се прават анализи. Резултатите од овој феномен за сега ги гледаат само најпогодените, семејствата. Општеството сеуште нема на ум да се занимава со тоа.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG