Достапни линкови

Користењето на водата во дебарскиот крај ризична за населението, бидејќи водоводите воопшто не се хлорираат, а ниту се одржуваат.

Во општините Дебар и Центар Жупа, селските водоводи повеќе години воопшто не се хлорираат ниту пак се одржуваат, така што тие од година во година се се поруинирани. Поради ваквата состојба, во одредени периоди од годината тие имаат загадена вода која е опасна за населението. Сепак, и покрај фактот што населението знае и добива соодветни решенија дека водата не е за директно користење, водата ја употребува бидејќи нема друг излез.
Во Дебар ЈКП „Стандард“ врши хлорирање на водоводот, а истото го прави и ЈКП „Кале“ во Центар Жупа. Проблем остануваат селските водоводи во двете општини.

„Во Дебар ЈКП „Стандард“ врши хлорирање на водоводот, а истото го прави и ЈКП „Кале“ во Центар Жупа. Проблем остануваат селските водоводи во двете општини. Таму водата воопшто не се хлорира, а водоводите не се одржуваат. Особено проблеми со бактериолошко загадување на водата имаме во летните периоди. Заради оваа состојба, секогаш бараме од населението водата да ја употребува само со претходно зовривање“, нагласува раководителот на Центарот за јавно здравје во Дебар, Ментор Мела.

Водоводот во Центар Жупа не се одржува, се жалат жителите

Селото Житинани во општина Центар Жупа има повеќе од 600 жители, кои се снабдуваат со вода од селскиот водовод. Водоводот, кој е изграден пред 40 години, воопшто не се одржува, вели претставникот на Месниот рурален одбор, Фехми Скендер.

„Нашиот селски водовод никогаш не се хлорира. Тој воопшто и не се одржува од никого. Хигиената на
Нашиот селски водовод никогаш не се хлорира. Тој воопшто и не се одржува од никого. Хигиената на водата ги нема основните стандарди.
водата ги нема основните стандарди. Тој постојано пропаѓа.“

Во хаотична состојба се и другите девет селски водоводи во двете наведени општини. Јавните претпријатија, за нивно одржување бараат средства, а локалните власти, пак, додаваат дека самото население треба да врши наплата за нивно одржување. Се додека не се реши проблемот со одржувањето на селските водоводи, водата од овие водоводи останува да биде проблематична за употреба.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG