Достапни линкови

Дебар се соочува со проблеми со водоснабдувањето. Надлежните велат дека има доволни количини на вода, а проблемот го поврзуваат со масовната злоупотреба на водата за пиење за други цели, како наводнување на земјоделски површини.

И ова лето Дебар има големи проблеми со водоснабдувањето. Делови од градот немаат вода и по десет часови, а најтешка е состојбата во централниот дел и одредени наслеби во периферијата каде што се лоцирани станбени згради. Надлежните тврдат дека од водоводот Росoки - Дебар има доволни количини на вода, а проблемот го поврзуваат со масовната злоупотреба на водата за пиење за други цели.Директорот на ЈКП ,,Стандард,, Мазлум Леши истанува дека моментално во резерварот на дебарскиот водовот пристигнуваат 150 до 160 литри вода во секунда.
Недостигот на водата во градот Дебар се појавува поради големата злоупотреба на водата од самите граѓани, бидејќи дел од нив наводнуваат земјоделски површини преку цела ноќ со хидранти додека други во текот на целиот ден ги мијат тротоарите


,,Како јавно претпријатие не можеме да речеме дека ние не го снабдуваме редовно градот со вода. Недостигот на водата во градот Дебар се појавува поради големата злоупотреба на водата од самите граѓани, бидејќи дел од нив наводнуваат земјоделски површини преку цела ноќ со хидранти додека други во текот на целиот ден ги мијат тротоарите, ги поливаат дворовите.“

Истакнува директорот Леши. Според него има несовесни граѓани кои наводнуваат цели земјоделски површини со вода од водоводот Росоки – Дебар, појава која дирекнто влијае врз недостигот на вода.

,,Ние не смееме да воведеме рестрикција на водата бидејќи од големата злоупотреба на водата не треба да патат оние граѓани во одредени делови во градот каде има вода и кои се коректни во однос на внимателното трошење на водата. Има екипи кои ги предводам јас лично кои 24 часа вршат контроли во сите делови на градот особено во долниот дел на градот каде што се водата злоупотребува“.

истакнува директорот Леши. По упатените апели до населението да не се злоупотребува водата, онаму каде има злоупотреби веќе се започнати исклучувања од мрежата, и веќе има исклучени семејства и угостителски објекти, а ќе им бидат доставени и пријави, нагласува Леши.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG