Достапни линкови

logo-print

Контрола на потрошувачката на вода


Општина Дебар започна реализација на проект за дигитализација на водомерите со што надлежните очекуваат дека ќе влијае врз контролата на потрошувачката на вода.

Општина Дебар со поддршка на Шведската Агенција за меѓународна соработка и развој преку Регионалниот Центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа - канцеларија за Република Македонија, во рамките на проектот за локален еколошки акционен план ја започна реализацијата на проектот ,,Дигитализација на Контролата за потрошувачката на вода.“
Локалната власт и локалното јавно комунално претпријатие на Дебар оценуваат дека ефектите на проектот ќе бидат во насока на ставањето на крај на нерационалната потрошувачка на водата поради што се јавува и голем недостиг на водата за пиење како во градот така и во селата. Но, дигитализацијата на контролирањето на потрошувачката на водата има и други ефекти, вели кордианторот на Проектот Газмен Цами.

,,Овој проект има за цел да овозможи монтирање на дигитални водомери и да изврши примена на софтвер за формирање на база на
Овој проект има за цел да овозможи монтирање на дигитални водомери и да изврши примена на софтвер за формирање на база на податоци ...
податоци за автоматско читање на на податоците и реализирање на фактурите за потрошената вода. Со оваа се овозможува контролирање на состојбата на потрошувачката .Воедно се предвидува и адаптација и реконтрукција на шахтите за монтирање на дигиталните водомери . Со проектот се превземаат и активности за зголемување на свеста на потрошувачите за рационално користење на водата и наплата на обврските навремено. Во првата фаза се превдидува монтирање на 8оо дигитални водомери.“ вели Цами.

На прашањето во кои населби ќе се постават водомери во првата фаза тој нагласува дека тоа ќе биде во населбите венец 1, венец 2, потоа Тараник и Ќераница. Станува збор за населби каде има нагласено нерационално користење на водата.

Дебар
Во локалното јавно комунално претпријатие во Дебар велат дека ефектите од овој проект ќе се почуствуваат многу брзо . Директорот на ЈКП ,,Стандард,, Мазлум Леши смета дека сега конечно ке прекине масовната злоупотреба на водата за поливање на зелени и земјоделски површини.

,,Од овој проект јавното комунално претпријатие ,,Стандард,, очекува големи ефекти во однос на зајакнувањето на контролата на трошењето на водата, од регионалниот водовод Росоки – Дебар. Веруваме дека ќе престане паушалното плаќање на водата и со поставените дигитални водомери , доаѓа крај на злоупотребата на водата.“ вели Леши.


Во моментов над 80 насто од домаќинствата и институците наплатуваат паушал за потрошена вода , бидејки најголемиот дел од водомерите кои се користа во моментот се неисправни.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG