Достапни линкови

И ова лето во општините Дебар и Центар Жупа има проблеми со исправноста на водата за пиење.

И додека во градот водата е исправна, во селските водоводи и водоводот во руралната општина Центар Жупа каде водата не се хлорира, буквално се користи неипсрвана вода. Повеќе од 5000 жители од дебарските селски населби и оние во општина Центар Жупа користат неисправна вода за пиење.

„Центарот за јавно здравство два пати месечно врши анализи. Во Дебар водата во водоводот се хлорираа редовно и таа е исправна за
пиење. Во Центар Жупа од друга страна има проблеми со водата. Таа не се хлорира и според законот таа не може да се користи за пиење. За оваа состојба известени се сите надлежни институции и тоа инспекторот за здраство и локалната власт во Центар Жупа, но
Утврдено е дека водата во селските водоводи не се хлорира и затоса има проблоеми особено во летниот период со квалитетот и таа вода не е
за пиење.
таа вода сепак се кoристи“, објаснува раководителот на Единицата на Центарот за јавно здравство во Дебар, епидемиологот Ментор Мела.

Тој укажува дека ваквата состојба на водата може лесно да создаде проблеми со здравјето на населението која ја користи таа вода.

„Можно е да се јават проблеми бидејќи таа вода не се хлорира“, вели Мела.

Општинската зграда во Дебар

Повеќе од 15 години, селските водоводи во дебарско и Жупа не се одржуваат ниту се хлорираат. Во Месните заедници велат дека нема средства за одржување и хлорирање.

„Утврдено е дека водата во селските водоводи не се хлорира и затоа има проблеми, особено во летниот период со квалитетот и таа вода не е за пиење“, подвлекува Мела.

Според него, неисправна е и водата од изворите, односно традиционалните градски чешми кои не се поврзани со градскиот водовод. Повеќе од една година има обиди и укажувања од страна на Советот на Дебар, селските водоводи да се одржуваат од страна на ЈКП „Стандард“, но засега нема интерес од страна на жителите на селските населби. Според нив, ако водоводите ги одржува локалното јавно претпријатие, тогаш ќе се постават водомери, а со тоа водата ќе се наплатува.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG