„Апсолутно е јасно дека поседувањето нуклеарен капацитет и балистички ракети претставува закана не само за регионот на Блискиот Исток, вклучително и егзистенцијална закана за Израел, туку претставува и огромна закана за нас овде во Европа“, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во Скопје.
Нуклеарниот капацитет и балистичките ракети на Иран се закана и за Европа, порача Руте од Скопје нагласувајќи дека деградирањето на овие капацитети е клучно за безбедноста. Според него, важно е да продолжи и поддршката за Украина.
Видеата споделени онлајн на 2 март го покажуваат огромното разорување од ракетите што го погодија Техеран на третиот ден од воената кампања против Иран од страна на САД и Израел. Иранската Црвената полумесечина го процени бројот на жртви во земјата на повеќе од 500.
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека „никогаш нема да дозволи“ Иран да се здобие со нуклеарно оружје за време на неговото обраќање за состојбата на нацијата на 24 февруари.
Иранската и руската морнарица спроведуваат заеднички вежби во Оманското Море и во северниот дел на Индискиот Океан, откако САД упатија нови закани кон Техеран.
Пет тони марихуана во Коњух е најголемата заплена на тој вид дрога досега во Србија. Рекордната заплена во Црна Гора од 1,2 тони кокаин се случи во август 2021 година.
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати силна порака за единство со Европа на Минхенската безбедносна конференција, велејќи дека судбината на Вашингтон е испреплетена со Европа и дека нема намера да го напушти трансатлантскиот сојуз.
Евгениј Коробов, на руската телевизија беше прогласен за херој за неговата улога во целосната инвазија врз Украина. Но, тој всушност се застрелал во ногата за да избега од војната и сега е во Казахстан. Војната на Русија, вели тој, се базира на „лага“.
Додека Иранците тагуваат по илјадниците демонстранти убиени во бруталната државна репресија, двајца уметници кои живеат надвор од Иран објавија химна за протестното движење.
Емисија на иранска државна телевизија предизвика јавен гнев откако во неа се исмејуваа жртвите, убиени за време на бруталното задушување на демонстрациите. Дури и медиумите поврзани со државата ја критикуваа програмата, која беше отстранета. Директорот и водителот на каналот беа отпуштени.
Лиза имала 15 години кога Русија ја нападна Украина и го окупира Мариупол. Таа за малку избегнала да биде одвоена од своето семејство во руски камп за „филтрација“. Сега, 19-годишната Лиза ѝ се придружила на украинско-канадската пејачка Маричка на меѓународна турнеја.
На Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, американскиот претседател Доналд Трамп повторно тврдеше дека САД треба да го стекнат Гренланд, велејќи дека тоа ќе ја зголеми безбедноста на НАТО. Тој рече дека нема намера да употреби сила за да ја земе територијата.
Вчитај повеќе