Најмалку 12 лица загинале во континуираните руски напади во текот на ноќта низ Украина на 25 мај, а голем број жители биле ранети. Во, како што соопштија украинските власти, најголемиот руски воздушен напад од почетокот на војната, биле погодени многубројни градови и региони.
Илјадници украински воени затвореници и цивили сè уште се држат во заробеништво во областите окупирани од Русија, според меѓународните набљудувачи. Честопати се држат во некомуникација со месеци или години. Мачењето, наводно, е вообичаено.
Кога семејството Колисниченко открило дека во нивниот стан на Крим има жител за кој не знаеле ништо, сфатиле дека Русија им го запленила имотот во нивно отсуство. Тоа е еден од стотиците случаи во кои Украинците со домови или земјиште на Крим останале без нив бидејќи не зеле руско државјанство.
Украински војници велат дека се сомневаат во прогласувањето на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот со Украина, кој треба да започне на 8 мај. Киев одговори со повик за итен прекин на огнот во траење од еден месец.
Украинско момче од Херсон раскажува како било принудно пренесено во Русија и сместено во камп за превоспитување. Боло ослободено од организацијата Спас за Украина.
Руските бомби и артилерија оставија разорен белег во Украина, претворајќи ги некогаш просперитетните градови во сцени на речиси целосно уништување. Снимките од беспилотни летала ја покажуваат штетата од руските напади откако градовите дојдоа во опсегот на артилерија
Глобалната продажба на Тесла опадна нагло во текот на првиот квартал од 2025 година поради улогата на Илон Маск во американската политика, но побарувачката во Украина е во пораст. Конкуренцијата од евтините кинески возила помогна да се намалат цените за автомобилите Тесла.
Единица на украински оператори со беспилотни летала, стационирани во Покровск, изјавија за украинскиот сервис на РСЕ дека станале главна цел за руските сили. Дописникот Евхенија Китаива-Русецска неодамна го посети уништениот град на фронтот, за прв пат по два месеци.
Екипажите од два украински брода за лов на мини се обучуваат во Британија за да се подготват за идната мисија за расчистување на експлозиви од Црното Море. Тие, најверојатно, ќе бидат распоредени откако ќе завладее прекинот на огнот меѓу Русија и Украина.
Градот Сиверск, во украинската област Доњецк, е срамнет со земја. Неколкуте преостанати локални жители живеат во подруми за да се засолнат од секојдневните руски воздушни напади.
Додека Русија ги концентрира војниците и огнената моќ за враќање на областите во регионот Курск сè уште окупирани од Украина, нејзините трупи велат дека го освоиле градот Суџа, но тоа е главно куп урнатини, велат аналитичарите.
Снимките со дрон над воените гробишта во Украина го откриваат обемот на воените жртви од конфликтот во земјата. Како што руската инвазија навлегува во својата четврта година, украинската влада не ги соопштува официјалните бројки на жртвите од конфликтот.
Исто како што машките затвореници во Украина може да добијат опција за воена служба за да им се намали казната, така и жените осуденици се повеќе се придружуваат. Тие се свесни за опасностите, но велат дека обновувањето на нивната гордост и целта вреди за тешкотиите.
Вчитај повеќе