Извештаите, видео снимките и фотографиите од Вухледар, укажуваат дека руските единици претрпеле големи загуби во опрема, а некои извештаи говорат и за стотици жртви.
Во единаесеттиот месец од руската инвазија, рускиот претседател Владимир Путин ја реконструира воената команда за Украина. Ова ги изненади руските и западните експерти и покрена нови прашања за тоа како Кремљ го гледа крајот на најголемата европска војна во последните 80 години.