Веста дека во компјутерите на компанијата „Инвока груп“ се пронајдени тестовите од Академијата за судии и јавни обвинители дополнително ја подрива довербата во судството. Минатата власт бираше судии од „тефтерчето“, оваа се модернизираше па тефтерчето стана дигитално, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. До пред неколку години судството беше „Сваровски“, а сега стана „пасвордски“.
Во компјутерот на Рашко најден и софтвер со прашања за академијата на судии и јавни обвинители.Дечки, па ова тек треба клопчето да се одмотува. https://t.co/pQ3esIaCgZ
— Man (@goranman2) April 21, 2021
Рашко го имал софтверот со прашањата од академијата за судии.Сега некој нека каже имајте доверба во непристрасното судство.
— Reagan (@us_reagan) April 21, 2021
На поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски вчера му беше одреден ефективен притвор, наместо домашен. Тој е осомничен дека од информатичката фирмата „Инвока гроуп“ купил софтвер кој претходно самиот го патентирал. Во одземените компјутери на фирмата „бил и софтверот за прашањата за кандидатите за Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, објави порталот СДК.мк. Порталот потсетува дека дел од кандидатите за прием во Академијата се сомневале дека „некој ги продава шифрите со заштитените прашања за полагањето“ зашто не било возможно „да се освои толкав висок процент со 100 проценти освоени“.
Што ќе прават сега со академијата за судии, ќе ја укинат ли конечно?
— Dime (5,11258 ден.) (@DimeS10cent) April 21, 2021
во нормална држава, сите што биле примени откако е Рашко во влада би биле одново тестирани
— Durazzo (@DejanDurazzo) April 21, 2021
„На листата на положени кандидати се најдоа и веќе слушаат предавања на Академијата деца на високи државни функционери и на врвни судски и обвинителски функционери, а други со висок просек на студиите по право, останаа непримени“, објави СДК.мк.
Рашко имал и прашања од академија за судии.... Јасно беше бе, по презимињата на примените кандидати, све мојег до мојега...
— Росинанте (@KalashMkd) April 21, 2021
Некои коментираат дека оваа ситуација личи на народната „кадија те тужи, кадија те суди“.
И сеа судииве на кои он им ги дал прашањата за да станат судии, ќе му судат?Каква смешка од држава сме ние боже ме сачувај 🤦
— Бапчо (@TheFitzzz) April 21, 2021
Други забележуваат дека не е саде Рашковски.
Во нормална држава скандал од ниво рашковски повлекува и други оставки
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) April 21, 2021
Кажа нешто Маричиќ за иновацијава на Рашко со тестовите за судии, и зошто не?
— 100Le (@baljumbaljum) April 22, 2021
На Рашковски, кој неколку дена беше во домашен притвор, вчера му беше одреден затворски притвор. Дел од медиумите објавија дека неизбришана СМС порака до еден од осомничените го испрати Рашковски во Шутка. Тој наводно му пишал на осомничениот „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“.