Туркменистан го забрани зборот коронавирус

Претседателот на Туркменистан, Гурбанбугли Бердимухамедов, ги посоветува граѓаните да се лекуваат со народниот лек од растението див седеф

Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот „коронавирус“ и го исклучија од секојдневниот говор, со цел да ги скријат информациите за пандемијата, соопшти невладината организација Репортери без граници.

Според Репортери без граници на сите медиуми им се забрането да го употребуваат зборот „коронавирус“, а исто така терминот е исфрлен од сите официјални брошури, што Министерството за здравство на Туркменистан ги подели во училиштата, болниците и другите државни институции. За граѓаните кои надвор се движат со маски и зборваат за пандемијата на Ковид-19 ризикуваат да бидат уапсени.

Претходно, претседателот на Туркменистан, Гурбанбугли Бердимухамедов ги посоветува граѓаните да се лекуваат со народниот лек од растението див седеф, како и да се користи за дезинфекција на јавните меставо државата.

Според властите, во Туркменистан нема инфицирани луѓе со новиот коронавирус.