Публиката во Балтимор се смееше на опаските на претседателот Доналд Трамп наменети за некои од неговите најголеми предизвикувачи.
Според него, јавноста повеќе го следела неговиот говор отколку дебатата на можните претседателски кандидати на Демократската партија која во исто време се одржуваше во Хјустон.
Тој предупреди дека ако демократите победат на изборите, „тоа ќе биде лева револуција“.
„Секој тука вечерва има важна улога во клучните крстосници на нашата нација. Демократите во Конгресот прифатија екстремно деструктивна и опасна агенда, радикален социјализам и отворени граници. Демократите се решени да ги повторат најкатастрофалните неуспеси на светската историја токму овде во Соединетите држави. Никогаш не научиле“.
Во истовреме, на дебата на демократските кандидати во Хјустон неколкумина ги искористија своите почетни изјави за да го критикуваат Доналд Трамп.
Видете и ова: Си-Ен-Ен: САД повлекле шпион од највисоките кругови во руската влада
Тие го обвинија дека неговата политика на поделби доведе до голем број на масовни убиства во земјата.
Бето О’Рурк, кандидат за претседател на демократите изјави.
„Најпрвин за тоа колку е опасен Доналд Трамп. Цената и последиците од неговото претседателствување. Расизмот и насилството што одамна беа дел од Америка беа поздравени на отворено и беа насочени кон мојот роден град Ел Пасо, Тексас, каде што беа убиени 22 луѓе“.
Сенаторот Берни Сандерс, пак изјави:
„Останува да се каже дека ние мора и ќе го победиме Трамп, најопасниот претседател во историјата на оваа земја. Но, ние мора да направиме повеќе“.
Од друга страна, претседателот Трамп во Балтимор, истакнувајќи некои од, како што рече, најголеми победи на неговото претседателствување вети дека ќе достави уште еден предлог за намалување на даноците во наредната година.
Според него, станува збор за значителен пад на даноците за луѓето со средни примања, а кои работат напорно.