Достапни линкови

Сандерс ја промовираше стратегијата за климатски промени вредна 16 милијарди долари


Демократскиот претседателски кандидат, Берни Сандерс, ја промовираше својата стратегија за климатски промени вредна 16,3 милијарди долари за време на турнејата низ северна Калифорнија, објавија светските новински агенции. Според планот, Сандерс би иницирал деценија на т.н. Green New Deal, 10-годишна федерална мобилизација која климатските промени би ги земала предвид во секоја политичка акција, од миграцијата до надворешната политика, со ветување дека од ваквиот начин на дејствување ќе произлезат 20 милиони работни места.

Според стратегија на Сандерс, САД целата електрична енергија би ја произведувале од обновливи извори до 2030 година, односно би постигнале целосна „декрабонизација“ до 2050 година.

XS
SM
MD
LG