По седуммесечно одложување Словенија на 23 март ќе ги лансира во вселената своите први два сателити, соопштија пред неколку дена Универзитетот во Марибор и научно-технолошкиот центар „Весоље-СИ“. Сателитите Немо и Трисат ќе бидат лансирани на ракета „вега“ од Француска Гвајана. Сателитот Немо e тежок 65 килограми, a наносателитот Трисат тежи само 4,4 килограми. Податоците од сателитите ќе се користат за потребите на урбанизмот, екологијата, транспортот, земјоделството и шумарството. Изработката чинела 2,3 милиони евра, обезбедени во најголем дел од ЕУ, а во помал и од словенечкиот буџет.
Ниту една од поранешните југословенски републики досега немаше испратено свој сателит во вселената. Словенечкиот подвиг беше повод за преиспитување и зајадливи коментари на социјалните мрежи. Пред 30 години живеевме во иста држава, тие сега лансираат сателит, а ние правиме физибилити студија за автопат, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
Од рубриката без коментар издвојуваме!Независна Р. Словенија 1991 🇸🇮Независна Р. Македонија 1991 🇲🇰 pic.twitter.com/vOWosEvDhY
— УнА МаЏиЈа (@una_madjia) February 11, 2020
Пред 28 години бевме во иста држава со Словенија.Денес они лансираат сателит, а ние гласаме закон Крсто Муковски и Јанкуловска да не одат во затвор.Тоа е разликата помеѓу словенските совесни политичари и нашите гомна!Мислете кога ќе гласате и дали ќе гласате. pic.twitter.com/hivXUwebS7
— Виктор Стевич (@ViktorStevich) February 11, 2020
По Етиопија и Словенија.Ние - турскоропска маќедонија, името не го даваме и сдс или дпмне.#СУС🤫 pic.twitter.com/6UdzW0pXYq
— Еј Бреј (@Gogiche) February 12, 2020
Други, пак, потсетуваат дека Словенија и пред 30 години беше понапред од Македонија, а и дека менталитетот не е ист.
Кокошарник во село во Словенија е посредено и почисто место од централата на карго експрес во Скопје.
— 🦄 🗺️🌈Игорче Развигорче 🚴♂️🐕🥦 (@Igor_rujo) February 11, 2020
Се поставија лед сијалици во Словенија...50 години подоцна...Словенија ќе го лансира својот прв сателит!
— clumsy smurf (@clumsyclumsy6) February 13, 2020
1980:Ни му даваме праски они праат Фруктал2020:Ни му даваме цевки они праат сателит
— i999y (@i999y) February 12, 2020
Словенците ќе го лансираат својот сателит а ние користиме столпчиња наместо други цивилизациски напредни решенија кои не се опасни по живот на минувачи. Еве како изгледаат повеќето после 6 месеци. Кој кондураџија ги фарба? pic.twitter.com/rJ5fVclac8
— yarre (@yarrre) February 12, 2020
па нормално! 1. Додека ние сме биле 500 години под заостанатите Турци, они биле АвстроУнгарци2. Види кои им се комшии нив, а види кои ни се насСе е јасно! Плус они се ЕУ, а кај нас простото вмровско население сака со Путин, Орбан, Вучиќ и Ким Јонг Ун да се дружиме
— Baze Lazevski (@BazeLazevski) February 12, 2020
Трети, пак, потсетуваат дека лансирањето сателити во вселената биле предизвик пред 50 години, а не сега.
Сателит, колку тоа напредно звучи!Ако живееш во 1972 година.
— Freeman (@nekoj_nekade) February 12, 2020
кај бевте кога афричка држва лансираше сателит? тогаш викавте вукојебина?
— Џото (@Giotto_mkd) February 12, 2020
Во вселената орбитираат над 2000 сателити на стотина земји и организации. Многу земји имаат способност да изградат сателити, но само 13 имаат способност да ги лансираат во вселената. Од соседите, Бугарија и Грција имаат сателити, а меѓу другите свои сателити во вселената имаат и Азербејџан, Бутан, Судан, Кенија, Етиопија и Руанда.