Пјонгјанг се заканува со прекин на преговорите со САД

Илустрација - Ликовите на американскиот и на севернокорејскиот претседател, Доналд Трамп и Ким Ун, на картонски сувенир-чаши во Русија

Пјонгјанг се закани дека ќе стави крај на дијалогот со САД, откако шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, изјави дека едвај чека разговорите со Северна Кореја повторно да почнат, пренесе АП.

„Слушајќи ги комичните изјави на Мајк Помпео, ни дојде до тоа да ја отфрлиме секоја надеж за обновување на дијалогот. Ќе направиме сопствен пат“, рече севернокорејски претставник задолжен за преговорите за државната новинска агенција КЦНА.

Минатата недела американскиот дипломат ја повика меѓународната заедница да остане одлучна во примената на дипломатски и економски санкции поради севернокорејската програма за балистички ракети, истовремено повикувајќи на враќање на разговорите.