Пеејќи ја „Неправда“, лицата со Даунов синдром пуштија глас за прaвда

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Членовите на првиот инклузивен градски хор на својот прв настап во центарот на Скопје, пуштија глас со надеж дека ќе стигне директно до центарот - до оние кои треба да ги слушнат, па да им дадат шанса. Целта на хорот кој е резултат на соработката меѓу здружението на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ и „Колектив Ветерница“ е да се покаже дека уметноста и културата може да бидат алатки за вклучување и социјализација, а со тоа да го подобрат животот на лицата со Даунов синдром, но и на другите лица со посебни потреби.