Нови 119 случаи на Ковид-19 и четворица починати

Илустрација - Тестирање за Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на Ковид-19, четворица починати и 89 оздравени.

Новозаразените се регистрирани во Скопје-35, Куманово-15, Штип-17, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-3, Велес-3, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Кочани-1, Демир Хисар-5, Берово-1, Свети Николе-1, Кичево-8 и во Ресен-1.

„Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (65, 66 и 73 години) и пациент од Гостивар (72г.). Сите пациенти се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617,бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117“, соопшти Министерството за здравство.