Врската на македонската јавност со СЈО се распаѓа драматично, како што се распаѓа секоја бурна врска – со многу емоции. Има плачење, озборување, па и омраза. Како што се гаси и последната надеж за правда, така реакциите против Катица Јанева и нејзиниот тим стануваат посилни. Се чини дека реакциите на социјалните мрежи по објавувањето на бонусите што ги добивале обвинителите од СЈО предизвикаа подеднакво жестоки реакции како и криминалот против кој требаше да се борат.
Преку алатката „Отворени финансии“, што ја објави Министерството за финансии, може да се види дека шефицата на СЈО Катица Јанева добила бонуси од 157 илјади евра за четири години, додека другите обвинители зеле меѓу 80 и 100 илјади евра. Но, освен нив од обвинителското чекмеџе се омрсиле уште стотина други луѓе. Па така во СЈО или за него работеле и Берниса Рахиќ, ќерката на директорот на затворот Шутка, Есад Рахиќ, Марија Василевска, ќерката на Сашо Василевски, поранешен директор на МЕПСО, новинарот Сашо Орданоски и роднини на други функционери.
Групирани и сортирани сите трансакции на СЈО по примател pic.twitter.com/sabdjuF5ra
— Igor Trajkovski (@mkrobot) November 27, 2019
Чарлиевите ангели, кои учесниците во Шарената револуција гордо ги носеа на своите маици и имаа статус на селебрити во Македонија, па луѓе чекаа да се сликаат со нив како да се рок ѕвезди, станаа мета на презир, и тоа токму од оние од кои ја добиваа најголемата поддршка.
во СЈО е работена е девојката на синот на Катица ЈаневаЌЕРКИ И СИНОВИ, ВНУЦИ И ВНУКИ „ЛАПАЛЕ“ МИЛИОНИ: Ќерката на Елизабета Јосифовска, внуците на Јанева и деца на функционери од СДСМ „кркнале“ милиони денари https://t.co/GB0lV1Ppfj
— Igorce (@Igorce20) November 28, 2019
Осомниченото лице во „Моќник“, Антонијо Милошоски, кој место да си спрема одбрана за во судница тој излегува по медиуми и дели правни совети. https://t.co/kFf1WOaaR9
— Sveste tese (@sveste_tese) November 27, 2019
Сто педесет и седум иљади евра бонуси за Ката годишно, ти мисли како да го поминеш месецот, ама не ме јебете у здрав мозок бре!
— crvenokosata (@2eyeshadow) November 27, 2019
ОЈО за време на режимот:-0 истраги за висока корупција-се формира СЈО ОЈО после режимот:-0 истраги за висока корупција-2 случаи против СЈО
— шрут фармс (@Nikola_Dimcev) November 26, 2019
Во ист ден со бонусите за СЈО излезе и информација за масните „бонуси“ во трите телевизиски слуги на #Ж. За второво... штурци... pic.twitter.com/uVQJDIPNoD
— Daniel Evrosimoski (@evrosimoski) November 26, 2019
Противниците на СЈО, и челниците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, ликуваат и се однесуваат како оние што го тешат напуштениот љубовник – ти реков дека не е таа за тебе.
Снашката на Катица Јанева сирото девојче велат живее со дислексија, ама и таа заслужила мобилен телефон ви текнува оној што Русковска не го бараше пред да се форматира, е оној де Лазар Јанев што и го даде на Маги од Џевџелија! Туку Лазар Јанев кога??? pic.twitter.com/KMJlttOEbQ
— Владимир Панчевски / Vladimir Panchevski (@VladimirPanche6) November 27, 2019
Колкав е износот на противправно прибавената имотна корист на Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Елизабета Јосифоска, Артан Ајро и другите, според Законот за плати на обвинители (чл.6-б) и Законот за јавнообвинителска служба (чл.72), на штета на буџетот на државата. pic.twitter.com/3dbbuikoYF
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) November 28, 2019
Чувањето доверливи информации е #ОБВРСКА, не ставка за надомест, што значи дека СЈОвците треба да ги вратат милионите.
— Сикарио (@sicario_mk) November 27, 2019
СЈО целосно ја уништи идејата за правдата во Македонија. Македонија овие години со СЈО имаше неправда, наместо правда што целосно ја уништи идејата на тоа обвинителство. Првиот човек на алфите земал 33.000 евра, на финансиската полиција 26.000 евра, Катица Јанева земала 157.000 pic.twitter.com/qrIzmQW6o9
— Aleksandar Nikoloski (@AlexandarMKD) November 25, 2019
Семкарницата во објектот на СЈО добивала по околу 1600 евра месечно. Подоцна беше соопштено дека тие пари обвинителството ги плаќало за кирија за просторијата, а не за набавка на апетисани, но социјалните мрежи веќе беа преплавени со коментари.
Со апетисани - без апетисани. pic.twitter.com/eVnoEGUshk
— Архиварката (@PravednaTavita) November 27, 2019
Во ситуација со набиени емоции ретки се оние кои се обидуваат да бидат рационални. Агрументираат дека бонусите од околу 100 илјади евра кои ги зеле обвинителите за четири години се под две илјади евра месечно, што и не се големи пари ако се земе предвид работата што им беше доверена. Проблемот, велат тие, е што работата не беше завршена.
сјо експедитивно демонтирано. секоја чест. кој и да е.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) November 27, 2019
непопуларно мислење: сјо е најмалку криво за настанатата каша а е цел на координирани напади, не случајно.фалично судство, амместии, политички договори, дуи, секуј има по некоа бомба за друг, to name a few...
— бојан (@b0stan) November 27, 2019
Во ваква ситуација дел од луѓето ја разбираат изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека да не бил претседател, и тој би заминал од Македонија.