Коронавирусот низ графити во светот

Во март 2020 година, уличниот уметник Побел создаде ѕидна слика наречена „љубовници“ во Брај, Норвешка. На неа е прикажана млада двојка со маски како се бакнуваат. „Се надевам дека љубовниците можат да дадат позитивен придонес и да шират малку радост кај луѓето“, напиша тој на Инстаграм.

Италијанец со маска за лице шета со намирници покрај мурал во Милано на кој е прикажана човек со гас маска.

Графит во близина на Колосеумот во центарот на Рим од италијанскиот уличен уметник ТВ Бој прикажува сцена од познатиот филм „Празник во Рим“. Маски за лице носат актерите Грегори Пек и Одри Хепберн која носи и порака на која пишува „Чист воздух сега“.

Туристка во Барселона, Шпанија, позира покрај графити на кои се гледа како Мона Лиза носи маска.

Човек во Саламанка, Шпанија, минува покрај графит на коронавирус.

Графити од 16-годишно момче по име С.Ф. на терасата на неговиот дом во централна Атина.

Велосипедист го турка својот велосипед покрај графит на кој се гледа лик со маска во Будимпешта, Унгарија.

Mурал во берлинскиот кварт Пренцлауер Берг го прикажува стравот на една девојка од новиот коронавирус.

Графит на тротоар во Минхен, Германија, кој им порачува на пешаците да „останат дома“.

Мурал на здравствен работник во Витерен, Белгија.

Уметникот на графити Брам Де Керт работи на уличен мурал на медицинска сестра во Антверпен, Белгија.

Mурал од уметникот Лајонел Станхоп насликан на мост во Лејдивел, во југоисточен Лондон.

Графит со натпис „да се победи“ пред болнички комплекс во населбата Комунарка во Нова Москва, Русија.

Бремена жена која носи маска за лице шета покрај уличен мурал во Хонг Конг на 23 март.

Жена со маска за лице минува покрај графит насликан на ѕид на градилиште во Шангај, Кина, 17 февруари.

Маж со маска џогира на плажа покрај мурал на кој се гледа како двојка се бакнува со маски за лице во Калифорнија.

Мурал „Моето дете, нашиот воздух“ од Крег Кундиф е прикажан во населбата Џорџтаун во Сиетл

Полициски службеник во Колумбија стои пред мурал во Богота на 21 март.

Маж вози покрај графит на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, со маска за лице на ѕид во центарот на Рио де Жанеиро. Болсонаро ги отфрли ризиците што ги носи коронавирусот.

Графит на "Бебе Јода" од ТВ серијата Мандалоријан со порака до граѓаните на Гватемала Сити да „носат маска“

Графит што ги повикува луѓето да се борат против коронавирусот во Сурабаја, Источна Јава.

Жителка на Мумбаи, Индија, шета покрај цртеж на Буда со маска за лице.