Коронавирус во светот: 1.854.043 заразени, 114.290 починати, 427.879 излекувани

Илустрација

Во светот до денеска до 10 часот се регистрирани 1.854.043 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 114.290, а излекувани се 427.879 луѓе.

САД - Американскиот центар за контрола и спречување на болести соопшти дека во САД досега се регистрирани 525.704 случаи на коронавирус и дека 20.486 починале.

НОРВЕШКА - Во Норвешка досега заболеле 6.489 лица од коронавирус, додека 128 починале, соопшти денеска норвешкиот Институт за јавно здравје. Властите ја затворија границата за странци, а засега се уште не работат училиштата, колеџите и градинките.

ФРАНЦИЈА - Француската армија денеска почна досега невидена операција на истоварување и изолирање на 1.900 морнари од носачот на авиони „Шарл де Гол“, што доплови до Тулон претходно од планираното поради заразата од коронавирус. Вкотвувањето миналобез никакви проблеми, соопштија француските воени власти.

ГЕРМАНИЈА - Бројот на потврдени нови случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 2.537, со што вкупно сега има 123.016 заразени лица, покажуваат најновите податоци на Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“. Веќе трет ден по ред бројот на нови пациенти во Германија опаѓа. Во последните 24 часа умреле 126 лица, со што вкупниот број на жртви изнесува 2.799 лица.

ШПАНИЈА - панија од денеска дозволува дел од фабриките повторно да се отворат и продолжат со работа. Производствените и градежните компании се отвараат и ќе им биде дозволено да работат со максимални безбедносни мерки.

ХРВАТСКА - Во Хрватска се регистрирани 1.600 луѓе заразени со коронавирус. Од вчера има 66 новозаболени,а две починаа, со што вкупниот број на жртви во оваа земја сега изнесува 23 лица.

ЦРНА ГОРА - Во Црна Гора се регистрирани пет нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на пациенти се е 272.

БИХ - Во Федерацијата Босна и Херцеговина во текот на последното деноноќие се потврдени уште пет нови случаи на коронавирус. Во БиХ до моментов има1.014 лица со позитивен наод на коронавирус.

БУГАРИЈА - Во Бугарија досега се заразени 676 лица Ковид-19. Во главниот град има само четири нови случаи, но загрижува што 36 лица се медицински персонал.