Кога паѓа првиот снег - вие коментирате

Зима

Снегот што падна во големи количини, особено во западниот дел на земјава, предизвика проблеми со напојувањето со струја. Ова и вас ве испровоцира да коментирате на Фејсбук каналот на Слободна Европа

Димитар Ковачевски нов лидер на СДСМ, избран на непосредни внатрепартиски избори, Христијан Мицкоски со втор мандат во ВМРО-ДПМНЕ, избран од делегатите на партискиот Конгрес. Потпишан со Дули Дулјо постирал: „Еее, ти ќе ја опраеш работава“, но не наведува на кого мисли. На нашата веб страница е информацијата за обраќањето на Мицкоски по изборот. „Промените доаѓаат во Македонија. Народот верува дека може подобро, и мора да биде подобро“, рече старо-новиот претседател на опозициската партија. Владимир Чецков постирал со сликичка на грбот на Партијата: „Напред во нови победи!“, а Роберт Цингар вели: „Ама не со вас, ни со СДС, ни со ДУИ“.

Видете и ова:

Нов договор на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ реформи - теорија и практика

Падна снег -снема струја

Снегот што падна во големи количини, особено во западниот дел на земјава, предизвика проблеми со напојувањето со струја.

„Без струја се над 20 села во кичевско и струшко, виновен бил снегот“, читаме во информацијата на РСЕ, а Шабан Ќ. Ибраими коментирал: „Еден месец сите граѓани да не си плаќаат струја не ќе има више ЕВН, после нив ќе дојде друга компанија“. Недим Мемисоски смета дека „Вивовен е снегот од 20 см. А ако заврне 1 м. снег, тогаш до напролет нема да имаме струја...“ Слободанка Камчева напишала: „Снегот, дождот, ветерот, сигнализацијата, реките, мојата чудесна Македонија“. А Авди Мавмудоски со предлог и совет: „Ај сега една колективна тужба закачете му, не туку раскажвите приказни по ФБ“.

Видете и ова:

Србија го обновува купувањето оружје од Русија

Папата се моли за Украина

Пред илјадници верници на плоштадот Св. Петар во Рим, папата Франциск порача дека „оружјето не е патот што треба да се следи“ и дека се моли за „драгата Украина“, како што рекол, и за нејзиниот народ поради тензиите со Русија. Под линкот на постот Сали Зекир напишал: „Моли се за сатанистите под црквата во Ватикан зашто командата е од нив“. Бранко Николовски се надоврзува и му одговара на Зекир: „Командата е секогаш од нив без нив не смее да се води војна, а тие мислат тоа е северџанија без војна ќе се прави нова држава“. Димитар Делевски препорачува: „Треба да ја посети Украина“.