Кога Корејци од Обединетите нации ќе дојдат во Македонија да држат предавања за мир и толеранција, ќе се најде некој „паметен“ да ги обвини дека се Кинези со коронавирус и ќе ги брка од земјава. Корисник на социјалната мрежа Инстаграм објави видео снимка за да се пофали како им приоѓа на група Азијци во близина на Министерството за надворешни работи и им се обраќа со погрдни зборови, додека тие се обидуваат да го игнорираат. Снимката наиде на бројни осуди на социјалните мрежи. Она од што паметниот се срами, будалиот се гордее, се најголем дел од коментарите.
Затоа и пишав, не сите се кинези... друго, ако ништо друго она "корона" сигурно го имаат разбрано. После не знам дали виде и дека група косооки кои не се од Кина, во Босна или Хрватска н.з кај беше, носеа и транспаренти "НЕ СМЕ ОД КИНА" исто поради реакции од лок.население
— Waiter (@WaiterMKD) January 29, 2020
Уффф, колку не би сакал да сум во кожата (а верувам и вие) на кинеските туристи (ако воопшто се од Кина, пошто нели, не сите жолти и косооки се кинези). Во туѓа земја, не можеш да се браниш, те гледаат ко извор на зараза 😏А оној мочкото нека се засрами. Па уште и се снимал 🤮
— Waiter (@WaiterMKD) January 29, 2020
Овој што снимаше и вознемируваше странски граѓани, треба полиција одма да го собере. ОДМА!
— Васиљ (@VlatkoVasilj) January 29, 2020
Снимката со гостите од Азија и домашниот кретен е повеќе од расизам и вулгарност. Ова е дно. И тоа на 5о метри од МНР!!! Што доколку се од службена државна делегација. Толерирањето на просташтвото низ медиуми не доведе до ова. Ќе превземе ли некој нешто?
— Arsim Zekolli (@ArsZek) January 29, 2020
Некои, пак, чувствуваат трансфер на срамот. Тоа е ситуација кога некој прави нешто глупаво, а не му е срам, па вам ви е срам место него.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов веднаш го осуди „ксенофобичен испад“ и ги повика надлежните да поведат истрага.
За да биде иронијата поголема, весникот Слободен печат денеска објави дека луѓето всушност биле претставници на невладина организација при Обединетите Нации на посета во Македонија и оти во основното училиште Кирил и Методиј во Свети Николе држеле работилница за мир, толеранција и меѓусебно почитување.
Азијците од корона-видеото, биле од Обединети Нации и ја учеле македонската младина за мир и толеранција!https://t.co/UsDu7WFR5c
— СП. (@sloboden_pecat) January 30, 2020
Училиштето на Фејсбук исто така се пофали со работилницата што ја одржале гостите од Сеул.
Нивното мирно однесување додека беа навредувани покажа дека навистина се експерти за толеранција.
Дел од коментаторите на социјалните мрежи прашуваат тоа ли е познатото македонско гостопримство. Други, пак, се загрижени дека ваквите работи се поопасни од коронавирусот.
Трети, пак, му прават психолошкиот профил на навредувачот.
Дека не сме саде ние и не сме саде тука, што би рекол Кочо Рацин, покажаа и нашите северни соседи. Којзнае под какви притисоци биле вработените во Азиската стоковна куќа во градот Темерин во Војводина, кога на Фејсбук мора да објаснуваат дека немаат сите Кинези вирус, и оти во родната земја не биле повеќе од една година.
Инаку, од коронаворусот досега во Кина починаа 170 луѓе, а повеќе од 7700 се заразени. Потврдени случаи на овој вирус досега има во 16 држави.