Достапни линкови

Насилството меѓу учениците се шири на интернет


Компјутери во училиште

Од навреди „лице во лице“, насилството меѓу учениците се сели и на интернет, а она што е карактеристично е брзината со која тоа може да се шири како и дека вербалните навреди фотографиите, видео записите и агресијата остануваат на интернет и на сите им се достапни.

40% од средношколците се имаат почувствувано непријатно поради вознемирување или навреда на интернет во последната година, се наведува во истражувањето менторирано од стипендисти на Фондацијата отворено општество и други истражувачи.

Во анализата се наведува дека дополнително, секој петти средношколец рекол дека имал искуство во улога на жртва последните 3 месеци со 10 од 11 наведени примери за насилство на интернет во анкетата.

Студентката Симона Стојчевска која го правеше истражување вели:

"37 проценти рекле дека имаат добиено фотографија или видео кое содржи голотија. Една третина имаат добиено непристојни предлзои од непознати лица 28 проценти имаат добиено навредливи или други непријатни содржини во Инбокс" изјави Стојчевска.

Како сведоци пак на насилство на интернет во последните 3 месеци се изјасниле 59% од испитаниците, при што насилството најчесто се случувало на Фејсбук и на Инстаграм.

Во анализата се претставени одговорите на 225 испитаници колку што учествувале во пополнување на анкетата.

Со оглед дека станува збор за средношколци кои немаат наполнето 18 години не може да ги наведеме нивните имиња, а најчесто пак, тие не сакаат јавно да ги споделат своите искуства.

Осврнувајќи се на навиките за користење интернет, Симона Стојчевска , вели дека интересно е да се каже и дека користење на интернет за време на часови во училиште е присутно иако според испитаниците користење интернет за време на часови не е дозволено.

„41% од средношколците се вклучуваат на интернет над 20 пати дневно, а секој четврти средношколец поминува над 6 часа дневно на интернет. 85% користат интернет и на училиште, а 65% користат интернет на час за работи неповрзани со наставата. Најчесто користени апликации и веб-страни се социјалните мрежи, а најпопуларна е Инстаграм „ вели Стојчевска

Средношколците рекле дека во голема мера го препознаваат насилството на интернет, но ретко застануваат во одбрана на жртвата, додека возрасните и надлежните потфрлаат во доменот на препознавање и вештини за справување

Загрижувачки е резултатот кој укажува на тоа дека иако 42% од испитаниците барем понекогаш имаат потреба да пријават кога ќе доживеат непријатно искуство на интернет, 74% од нив не знаат кои механизми им стојат на располагање.

„Довербата за споделување на искуството и пријавување е најголема кај родителите и пријателите, додека стручните служби и надлежните институции се наоѓаат на дното на листата“, вели Стојчевска.

Проблемот на врсничко насилство на интернет за кој во последно време се збори се повеќе, според стручните лица треба да го преокупира вниманието на родителите, наставниците и стручните лица кои ги образуваат младите Тие велат дека ова загрижуа зошто тешко е да се контролира и спречи а во случај на подолотрајна изложеност може да остави и психолошки последици врз децата

Во анализа се препорачува системска едукација за дигитална писменост и насилство на интернет за сите засегнати страни (средношколци, стручни служби, професори и родители).

Бојан Кордалов специјалист за социјални медиуми вели дека образовниот систем мора ги следите новитетите и да вклучува едукација за дигитални содржини

„Постојат механизми каде да се обратите, но потребно е образовниот систем да се промени. Да ја земем пример владата на Велика Британија - со години воведува содржини кои се корисни за децата од најраната возраст во образованието во процесот на дигитализација, како кодирање, запознавање со медиумската и со дигиталната писменост Потребно е да се препознае кое е времето во кое денес се живее Денешните генерации се раѓаат и живеат во дигитално време кое е различно од пред 10 години и тоа подразбира реформа во образовниот систем и во секој сегмент зато што мора да се препознаат новитети“ вели Кордалов.

Додека тоа стане реалност, Стојчевска дополнува дека се препорачува средношколците да пријавуваат случаи на насилство и да побараат помош и поддршка кога им е потребна, да не се вклучуваат во насилни активности на интернет и да најдат соодветен начин да ја одбранат жртвата доколку се сведоци.

Препорака до училиштата е да работат на зголемување на поддршката екипираноста и видливоста на стручните служби, да вршат континуирана едукација на кадарот и учениците, да вклучат што повеќе професори и ученици при креирање на политиките и да не го затскриваат проблемот доколку се појави заради зачувување на угледот.

Инаку во светот поимот насилство преку итернет или сајбер насилство за првпат бил употребен во 1999 година.

Во анализата во која се користи постоечка литература за насилство на интернет, се наведува дека децата кои се изложени на насилство во училиште најчесто имаат ниска самодоверба, срамежливи се, тивки емоционално пречуствителни и плашливи. Во истражувањето, исто така, се укажува дека попустливиот родителски став ја намалува веројатноста детето да стане жртва, додека авторитарниот став ја зголемува.

Инаку, истражувањето за врсничко насилство е една од темите на кои работеа малди истаржители од јануари до јуни оваа година. Од Младинскиот Образовен форум вели дека овие прокти имаат за цел да ги поврзат капацитетите на МОФ со знаењето и искуството на стипендисти на Фондацијата отворено општество.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG