Достапни линкови

Зачувување на вистината и силна осуда за Холокаустот


ПОЛСКА - Фотографија од музејот во Аушвиц, која ги прикажува затворениците во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау по ослободувањето логорот во 1945 година

Македонија се придружи на годинашното сеќавање на жртвите на Холокаустот. Премиерот Оливер Спасовски изјави дека политичка и морална обврска е борба против антисемитизмот, обидите за искривено толкување на холокаустот, говорот на омраза и сите други форми на кршење на човековите права.

Со комеморативна академија во МАНУ Македонија се придружи на одбележувањето на годинашниот Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, најголемиот геноцид во кој се убиени шест милиони Евреи ина годишнината од ослободување на нацистичкиот логорот Аушвиц во кој се убиени над милион луѓе.

На денешен ден пред 75 години советските трупи го ослободија логорот Аушвиц и со ова е означен крајот на најмрачниот период во европската и светската историја во кој било замислено истребување на Евреите во Европа што било покренато од нацистичката идеологија.

Многу години подоцна во 2005 година овој ден беше предложен од Обединетите нации за Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот.

На комеморативната седница во МАНУ денеска премиерот Оливер Спасовски потсети дека жртвити во Холокаустот како најголемо злосторство во современата историја на човештвото се трајна опомена за светот на катастрофалните последици од идеологијата заснована врз расизам и антисемитизам, но и обврска за сегашните и идните генерации да се гради општество во кое нема место за дискриминација, негирање и кршење на човековите права.

Тој рече дека ова е можност да се потсетиме на сите жртви на Холокаустот, меѓу нив 7 илјади Евреи од Скопје, Битола и Штип кој во 1943 година беа депортирани од Скопје и убиени во логорот во Треблинка. Како што рече Спасовски, тоа е трагедија која е дел од колективната меморија на нашите граѓани и на сите они кои кои ги спасувале прогонетите Евреи и на оние кои ги преживеале ужасите на Холокаустот.

„Наша политичка и морална должност е да ја сочуваме вистината за Холокаустот со цел оваа трагедија да не се повтори. Наша обврска е со сите сили да се бориме против антисемитизмот, негирањето и обидите за искривено толкување на холокаустот, говорот на омраза, дискриминација и сите други форми на кршење на човековите права кои со голема брзина се шират преку социјаланите мрежи. Наша трајна определба е никогаш да не ги заборавиме жртвите на холоксустот“, изјави премиерот Спасовски.

Претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ нагласи дека свесноста и образованието на младите за ужасите на Холокаустот се клучни за разбирањето на причините и последиците на најстрашните случувања во европската и светската историја. Таа рече дека морална и човечка обврска е да се оживува пораката и да не се дозволи никогаш повеќе каков било облик на омраза и нетрпеливост.

„Само сеќавањето и емпатијата не го спречуваат неговото повторно раѓање особено во тешки, матни, зли времиња ако не научиме тоа зло да го препознаваме. Да го препознаваме ланецот под помалите зла на полувистини и закоравени предрасуди, гледање со недоверба кон другиот и различниот. Во денешно време кое забрзано губи интерес за хуманистичките вредности треба упорно да ги едуцираме новите генерации да не се отвора можност и простор за нетолеранција, ксенофобија, расизам и антисемитизам, создавајки така услови за нови злосторства. Едуцирањето е градење на морални вредности кои кај секој млад без разлика на нација и вера ќе обликува морален став дека треба да се спротивстави на секое зло кое потекнува од стереотип, страв и неразбирање“, вели Николиќ.

Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев потсети дека во спомен на сеќавањето на нашите сограѓани Евреи што беа депортирани од некогашното скопско Еврејско маало, од пред 10 години во близина на МАНУ се издига Меморијалниот центар на Холокаустот како спомен на незаборав.

„Масовното уништување на македонските Евреи, на Евреите во Европа, но и на уништувањето на сите земски траги на нивното постоење имаше за цел да се сотре секаква трага од постоењето на еден древен народ. За среќа еврејскиот идентитет опстои иако на територијата на Македонија 98 проценти од еврејското население беше ликвидирано“, рече Коцарев.

75 години по ослободувањето на Аушвиц се уште се идентификуваат жртвите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:41 0:00

Попладнево вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска присуствува на „Одбележување на 75 годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау во Полска. Со неа е и претставник на Еврејската заедница од нашата земја.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG