Од радост и воодушевување, сеир и очекување апсанџиско реално шоу до умереност во очекувањата и скепса за намерите се движат реакциите на јавноста по најавата на новата американска амбасадорка Анџела Агелер дека тим од Вашингтон „ќе лови“ корумпирани функционери во Македонија.
Амбасадорката Агелер завчера на Твитер објави дека „тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани чинители“.
Sanctions Team from Washington here to take a more aggressive look at past and current corrupt actors, and to consider all possible responses. North Macedonia’s justice sector needs more investigations, prosecutions to show that no one is above the law.
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) December 6, 2022
Американската амбасадорка во неколку наврати ја посочи корупцијата како еден од најголемите проблеми за развој на земјата. Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Балканот, Габриел Ескобар најави дека се предвидуваат санкции за корумпирани официјални лица од Балканот кои ќе бидат тргнати од одговорните позиции. САД во април веќе ги ставија поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков на „црната листа“.
Едни велат кога не можеме сами, барем некој да ја потсреди државата.
Колку јака корупција United States of America ќе не решава! Легенди сме!😂😂😂 pic.twitter.com/KZwmVobYI5
— ROCK DASKAL (@BORO9999) December 7, 2022
Други не веруваат дека проблемот со корупцијата ќе се реши со странска помош.
Живо ме интересира што ќе прават америчкиве експерти за корупција. Еве ќе откријат, ќе ни лажат корумпиран ви е тој политичар/судија/лекар.И?Ко да не ги знаеме со име и презиме, матичен број, адреси на сите куќи, станови и фирми и сите банкарски сметки.И што ако ги знаеме?
— Stormfire (@TempestOfFlame) December 7, 2022
Трети сметаат дека додека сам не си го изметеш дворот, не треба да очекуваш некој друг да го направи тоа за себе.
Четврти, пак, се сомневаат дека се бараат корумпирани функционери за да се обезбеди мнозинство за уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот. Ваков сомнеж јавно изрази и претседателот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.
Кога се менуваше името, Власта обезбеди амнестија за неколку пратеници од опозицијата со сериозни обвиненија за и тие да гласаат за уставните измени.
уставни промени
— Гоце Чекоров-Ланс (@aerodrom1312) December 6, 2022
Некои, пак, коментираат дека ако дошло до тоа странци да ти ги решаваат проблемите, тоа значи дека не си ни држава.
Колку си со поданички робовски менталитет од 0 до радување што американци ќе бараат корупција кај политичари?
— Летечи фахман (@FicoKu) December 7, 2022
Оние кои се доживуваат како Оливер Твист во канџите на криминалниот Лондон во средината на 19 век, во Американците го гледаа добриот Господин Браунлоу.
Да нѐ посвојат Америве за да нѐ опраатТим од Вашингтон ќе „лови“ корумпирани функционери https://t.co/zLVNjk3s4K
— Dimitar P. (@Dmee82) December 6, 2022
Американската амбасадорка претходно изрази збунетост од изборот на Ислам Абази за шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Во јавноста излегоа информации и фотографии за блискост на Абази до функционери на ДУИ.
Агелер веќе се сретна со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Дел од граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека новата американска амбасадорка веќе почнала „да става ред“.
На вести читам: Тим од Вашингтон ќе "лови" корумпирани функционериСледен наслов: Ахмети се сретна со Американската Амбасадорка и слика од него како седи само со Македонско знаме.Треба да почнете да ги читате овие дипломатски задскриени работи. pic.twitter.com/lVNeRYGT6N
— Виктор Стевич (@Viktor_Stevich) December 6, 2022
Германската амбасадорка Анке Холштајн пред неколку дена истакна дека напредокот на Македонија на патот кон Европската унија ќе зависи во голема мера и од успешното сузбивање на корупцијата.
„И тоа не се однесува само на политичарите, туку и на сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок од ученикот за 8 Март за да има подобра оценка“, рече таа.
Сепак, таа нејзина изјава наиде на реакции дека ставањето во ист кош на 200 грама кафе и милионските провизии од тендери е релативизирање на проблемот.
Во кампањата против корупцијата се вклучи и Холандската амбасада.
Македонските власти се согласуваат дека корупцијата е голем проблем и уверуваат дека кај нив има волја за борба против корупцијата. Граѓаните коментираат дека политичарите се однесуваат како критиките секогаш да се за некој друг.
Сите едногласно признаваат дека има корупција насекаде ама никој не се осеќа засегнат, уште вмро и претходната власт им се виновни и немаат контакт со реалноста. pic.twitter.com/45aruKMuxD
— effo (@Effo_Antivirus) December 7, 2022
Поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, пред неколку дена изјави дека „нема предмет за корупција кој е завршен“.