Вашингтон и Брисел, добриот и лош полицаец за Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко и американскиот пратеник Џон Кол во Минск, 13 декември 2025 година.

Неодамнешните потези на Вашингтон и Брисел во врска со Белорусија покажуваат дека сојузниците се движат во спротивни дипломатски насоки што го истакнува растечкиот јаз меѓу нив по прашањето на европската безбедност.

Другата страна на Атлантикот, Соединетите Држави се ангажираат околу Минск и неговиот авторитарен владетел Александар Лукашенко, ублажувајќи ги санкциите во замена за ослободување на политички затвореници, вклучувајќи 123 минатиот викенд.

Ова е во остра спротивност со она што се случува во Брисел, каде што претставниците на Европската Унија додаваат рестриктивни мерки против Лукашенко, верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Нова линија на комуникација

Поддржувачите на потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да отвори дијалог со Минск велат дека тоа е јасна стратегија да се отвори уште една линија на комуникација со Кремљ, која се потпираше на поддршката на Белорусија во војната против Украина.

„Вашиот претседател (Лукашенко) има долга историја со претседателот Путин и има можност да го советува. Тоа е многу корисно во оваа ситуација“, рече претставникот на Трамп, Џон Кул во Белорусија, по разговорите со Лукашенко што доведоа до ослободување на затвореник, истакнувајќи дека белорускиот лидер би можел да го предомисли Путин во контекст на преговорите за прекин на војната во Украина.

„Секако, претседателот Путин може да прифати некои совети, а некои не. Ова е начин да се олесни процесот“, додаде тој.

Сепак, критичарите стравуваат дека нема да има крај на годините координиран притисок врз земјата што изврши брутална, понекогаш смртоносна, репресија врз граѓанското општество. Дури и ограничените дипломатски контакти, велат тие, би можеле да му дадат легитимитет на режимот на Лукашенко.

„За ЕУ, копирањето на пристапот на Вашингтон би било стратешки погрешно: за разлика од САД, ЕУ има граница со Белорусија, се соочува со непосредни безбедносни ризици поради военото присуство на Русија таму и веќе има инвестирано значително во поддршка на белоруските демократски сили“, вели Жизел Босе, професорка и раководителка на Катедрата Жан Моне на Универзитетот Мастрихт.

„Она што би можело да послужи за краткорочни дипломатски цели на САД, би ја поткопало долгорочната безбедносна стратегија на ЕУ базирана на вредности“, напиша таа неодамна.

Укинувањето на санкциите од Соединетите Држави

Трамп изненади многумина со телефонскиот разговор со Лукашенко во август, кратко пред самитот со неговиот руски колега, Владимир Путин, во Алјаска.

Видете и ова: Додека Трамп ги подобрува односите со Путин, му се јавува и на Лукашенко

Потоа следеше укинување на санкциите против белоруската национална авиокомпанија „Белавија“, со што американската влада им дозволи на сите американски субјекти и поединци да соработуваат со таа авиокомпанија. Во исто време, Минск објави ослободување на 31 помилуван и ослободен украински државјанин од затвор во Белорусија, што беше еден од низата ослободени затвореници во текот на изминатата година.

На последното ослободување на затвореници му претходеше најавата дека Вашингтон ги укинува санкциите врз профитабилниот извоз на ѓубрива од Белорусија - вклучувајќи ја и нејзината најголема компанија, Белорускали, која е главен извор на приход на режимот на Лукашенко.

За Лукашенко, кој долго време е критикуван и изолиран од Западот како диктатор и верен сојузник на Путин, разговорот со Трамп беше дипломатски пробив.

Некои го критикуваа разговорот, плашејќи се дека тоа му го обезбедило на Лукашенко првиот чекор за враќање на меѓународната дипломатска сцена.

Сепак, поддржувачите на Трамп и некои аналитичари го поздравија потегот, наведувајќи дека таквото ангажирање е неопходно по години обиди за изолирање на Белорусија.

Марк Епископос, истражувач во Институтот Квинси за одговорно владеење и вонреден професор по историја на Универзитетот Меримаунт во Вирџинија, го пофали ослободувањето на затворениците на 13 декември и целокупното ангажирање со Минск, велејќи дека тоа е „неопходна работа за да се започне со нормализација на односите меѓу САД и Белорусија, чекор по чекор“.

„Најдобриот и единствен одржлив начин за решавање на овие предизвици е преку одржлив дијалог со Белорусија, а не инсистирање на промена на владата или казнување на Минск сè додека не ги прекине врските со Москва“, напиша Епископос.

„Последниот европски диктатор“

Долго време сметан за отпадник и нарекуван „последен европски диктатор“, Лукашенко балансираше помеѓу Русија, која е најголемиот трговски партнер на Белорусија и Западот.

По претседателските избори во 2020 година, на кои Лукашенко прогласи победа, опозициските групи ги отфрлија резултатите како лажни и започнаа недели масовни протести. Безбедносните сили на Лукашенко одговорија со брутални мерки, апсејќи повеќе од 30.000 луѓе, од кои многумина пријавија тортура и малтретирање во притвор.

Стресните мерки ги принудија повеќето опозициски политичари да ја напуштат Белорусија, плашејќи се за својата безбедност и слобода. Многу западни влади досега одбија да ги признаат резултатите од изборите во 2020 година и не го сметаат Лукашенко за легитимен лидер на земјата.

Откако Брисел воведе санкции врз таа земја и нејзиното раководство за кршење на човековите права, застанување на страната на Русија во војната против Украина, туркање на мигрантите од Азија и Африка кон границите на ЕУ, ЕУ едногласно додаде уште три критериуми за казнување на режимот на Лукашенко на 15 декември.

Белорусите сега можат да бидат санкционирани ако се смета дека планирале или работеле на „манипулација и мешање со странски информации“ во ЕУ.

Тие исто така можат да бидат санкционирани за дејствија насочени „против функционирањето на демократските институции, економските активности или услугите од јавен интерес на ЕУ“ и конечно, неовластениот влез на територијата на ЕУ ќе биде казниво дело.

Последниот критериум е најважен бидејќи е директен одговор на ЕУ на временските балони што Белорусија обично ги користи за шверц на нелегално произведени цигари, кои влегоа во Литванија и го нарушија нејзиниот воздушен сообраќај во последните месеци.

Видете и ова: Вонредна состојба во Литванија поради шверцерски балони од Белорусија

Литванските власти за Радио Слобдна Европа изјавија дека вкупно 315 балони влегле во земјата без дозвола од Белорусија од јуни, достигнувајќи врв во октомври со 71 упад во воздушниот простор. Поради овие упади, двата најголеми аеродроми во Литванија, Каунас и Вилнус, беа привремено затворени 15 пати само оваа година, со што беа прекинати повеќе од 320 летови и 45.000 патници.

Според неколку претставници на ЕУ со кои РСЕ беше во контакт, ЕУ ќе ги обнови сите санкции против Белорусија во наредните недели, бидејќи сите 27 членки на ЕУ се согласуваат дека санкциите треба да се задржат.

Се очекува Вилнус да предложи дополнителни санкции против одговорните за нападите со балони на почетокот на јануари, додека дополнителни економски санкции против Минск се очекува да бидат вклучени во 20-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија, кој треба да биде усвоен околу четвртата годишнина од инвазијата на Москва во Украина на крајот на февруари.

Кога беше прашана по состанокот за надворешна политика во Брисел оваа недела дали ЕУ ќе размисли да го следи примерот на САД и да ги ублажи санкциите, шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, го отфрли предлогот.

„Додека оваа војна продолжува и Белорусија очигледно ѝ помага на Русија во нејзините воени напори, а исто така спроведува и хибридни напади врз европските членки, нашата позиција е многу јасна. Ние воведуваме дополнителни санкции врз Белорусија и вршиме притисок врз неа да не ја користи таа тактика против нас. Затоа, ја зголемуваме цената за нив да ја променат пресметката“, рече Калас.

Неколку дипломати од ЕУ, кои зборуваа под услов на анонимност, исто така беа непоколебливи дека потезите на САД воопшто не влијаеле на размислувањето на Брисел, а еден додаде дека „САД можат да дадат какво било олеснување на санкциите ако сакаат, (но) без вклучување на ЕУ, ништо нема да се случи на земја без излез на море како Белорусија“.

Друг вели дека бидејќи САД не делат граница со Белорусија, „немаат иста перцепција за закана како Европа“, но исто така признава дека Вашингтон веројатно го гледа Лукашенко како корисен канал за влијание врз Путин како дел од напорите на САД за посредување во мирот меѓу Москва и Киев.