Достапни линкови

Лукашенко повторно е избран за претседател на Белорусија


Шефицата на Централната изборна комисија Лидија Јермошина на прес-конференција за резултатите од белоруските претседателски избори во Минск, 10 август 2020 година

Белорускиот претседател Александар Лукашенко извојува убедлива победа на вчерашните избори, соопшти Централната изборна комисија, откако синоќа дојде до судири меѓу полицијата и илјадници демонстранти кои сметаат дека гласањето било наместено. Според прелиминарните резултати Лукашенко освоил повеќе од 80,23 проценти од гласовите. Неговиот главен ривал Свјатлана Циханускаја, доби 9,9 проценти гласови, додека тројца други кандидати добија помалку од 2 процента.

Во Белорусија солзавец и водени топови врз демонстрантите по изборите

Во меѓувреме, противниците на Лукашенко велат дека резултатите биле лажирани, а илјадници протестираа во Минск и другите белоруски градови против официјалните резултати на излезните анкети, кои исто така покажаа дека Лукашенко победи со огромна разлика. Одзивот на изборите бил 84 проценти.

XS
SM
MD
LG