Ја избраа Русија: Исповед на жена која ги предаде украинските позиции
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Украинка осудена за соработка со руските сили отслужува 11-годишна затворска казна откако дала информации за украинските воени позиции за време на окупацијата на Херсон во 2022 година. Во женски затвор во источна Украина, затвореничките осудени за предавство и соработка инсистираат дека само се обидувале да преживеат под окупација. Додека Русија се обидува да ги вклучи таквите затвореници во договорите за размена, некои аплицираат да бидат испратени во Русија - додека други одбиваат да го објават својот идентитет. РСЕ нуди редок увид во внатрешноста на затворот - и во умовите на оние кои ја поддржувале Русија за време на војната.