Иранците излегоа на улиците на 31 декември четврти ден по ред за да го искажат својот гнев поради економската криза, валутата во слободен пад и заканата од нова рунда воени удари што се закануваат над земјата.
Демострации беа пријавени во неколку градови, а многу пазари и продавници повторно беа затворени откако студентите ги обновија своите протести со универзитетски собири претходниот ден.
Видеата објавени на социјалните мрежи од Фаса во провинцијата Фарс, покажаа демонстранти како се собираат пред канцеларијата на регионалниот гувернер.
Безбедносните сили во градот наводно испукале солзавец кон демонстрантите, а некои слики покажаа демонстранти како фрлаат камења кон канцеларијата на гувернерот.
Видете и ова: Масовни протести во Иран поради големата инфлација и економските проблемиИзвештаите не можеа да бидат независно потврдени, иако државната новинска агенција Мехр индиректно потврди во извештај дека се случиле судири во градот.
Повикувајќи се на информиран извор, Махр ги негираше извештаите дека едно лице е убиено пред канцеларијата на гувернерот на Фаса.
Генералниот обвинител на Иран денеска изјави дека иако протестите што ја зафатија земјата се легитимни, неведе дека секој обид за создавање несигурност ќе биде пресретнат со „решителен одговор“.
Безбедносните сили испукаа солзавец за да ги растераат толпите демонстранти во текот на изминатите три дена. Луѓето скандираа антивладини слогани во знак на протест против брзата девалвација на валутата.
Како одговор, гувернерот на централната банка, Мохамед Реза Фарсин, поднесе оставка во понеделникот, а беше заменет од поранешниот министер за економија и финансии, Абдолнасер Хемати.
Закана од нови израелски напади
Додека властите во Иран ги задушуваат протестите со солзавец и палки, нова закана се појави преку Атлантикот откако американскиот претседател Доналд Трамп го угости израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида во понеделникот.
На прашањето дали би поддржал нови израелски воени напади врз Иран доколку Техеран продолжи со своите ракетни или нуклеарни програми, Трамп беше недвосмислен.
„Ако продолжат со ракетите - да; нуклеарната програма, брзо. Едното е „да, апсолутно“, другото е „ќе го направиме тоа веднаш“, рече Трамп.
Видете и ова: Трамп со предупредувања кон Иран и Хамас, по состанок со НетанјахуНеколку моменти претходно, Трамп, исто така, посочи на внатрешните предизвици со кои се соочуваат иранските власти.
„Тие имаат многу проблеми во Иран. Имаат огромна инфлација. Нивната економија е во урнатини... и знам дека луѓето не се многу среќни. Но запомнете, секој пат кога има немири или некој формира група, мала или голема, тие почнуваат да пукаат во луѓе“, рече тој.
Паѓа иранскиот риал
Вредноста на иранската валута, риалот, на црниот пазар нагло падна - од 800.000 ријали за долар пред една година на 1,4 милиони ријали за долар. Официјалниот девизен курс е подобар, но многумина не можат да разменуваат странска валута по тој курс.
Многу продавници беа затворени бидејќи трговците ги затворија во знак на протест и се придружија на демонстрациите.
Лошата состојба на економијата можеби не е единствениот фактор што ги поттикнува обновените протести во Иран.
Демонстрантите, исто така, скандираа „Смрт на диктаторот“, слоган што често се слушаше за време на масовните протести „Жени, живот, слобода“ што ја потресоа земјата во 2022 година.
Видете и ова: Трамп ќе го пречека Нетанјаху во Флорида за да разговараат за мировниот план за ГазаПокрај тоа, можноста за нови израелски напади се чини дека се зголеми по посетата на Нетанјаху на Флорида. За време на 12-дневната војна во јуни, Израел и САД започнаа кампања на бомбардирање на иранските нуклеарни и воени објекти.
„Тие ги знаат последиците. Последиците ќе бидат многу тешки, можеби потешки од минатиот пат“, рече Трамп.
Санам Вакил, раководител на програмата за Африка и Блискиот Исток во лондонскиот тинк-тенк „Чатам Хаус“, рече дека „до одреден степен, Нетанјаху го поместил фокусот, истакнувајќи ја ракетната закана како следна линија на конфликт и како оправдување за потенцијална воена акција“.
„Самото ова не ги прави воените напади поверојатни, но го проширува списокот на можни причини и оправдувања за идните акции... Силните напади врз воената инфраструктура би можеле да ги поттикнат националистичките чувства околу режимот, дури и додека ги влошуваат економските и политичките притисоци“, додаде таа.
Службениците во Техеран одговорија на двојните предизвици со закани и апели.
Али Шамхани, висок советник на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, одговори на изјавите на Трамп, велејќи дека секој напад врз Иран би предизвикал „итен, суров одговор“.
Иранскиот претседател Масуд Пазекијан изјави дека побарал од Министерството за внатрешни работи да ги слушне „легитимните барања на демонстрантите преку дијалог со нивните претставници“.