Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го заврши првиот преглед на програмата за заем на Украина од 15,6 милијарди долари, што му овозможи на Киев веднаш да повлече уште 890 милиони долари буџетска поддршка.
Со одобрувањето за повлекување на новата транша вкупно досега се повлечени приближно 3,6 милијарди долари.
ММФ оцени дека украинските власти постигнале силен напредок кон исполнување на реформските обврски под предизвикувачки услови.
Видете и ова: ММФ - Разбирливо што работниците во јавниот сектор бараат повисоки плати„Руската инвазија на Украина продолжува да има сериозно влијание врз човечкиот и физичкиот капитал и животната средина, со загуба на животи, пад на животниот стандард и зголемување на сиромаштијата, како и оштетување на инфраструктурата“, нагласи директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.
„И покрај тоа“, рече таа, „украинскиот народ е отпорен, а вешто креирање политики од страна на украинските власти и континуираната надворешна поддршка помогнаа да се поддржи макроекономската и финансиската стабилност“.
Видете и ова: Маржите се одмрзнуваат, трговците ќе ставаат нови цениШефот на мисијата на ММФ во Украина, Гевин Греј, за новинарите изјави дека ММФ продолжува да ги разгледува социјалните, еколошките и економските последици од уништувањето на браната Каховка претходно овој месец, што предизвика големи поплави во јужна Украина. Според него, ММФ првично очекува оваа катастрофа да ги зголеми цените на храната и да ја зголеми инфлацијата во земјата.
Сепак, ММФ ја повтори својата економска прогноза за Украина од 3 отсто раст на БДП оваа година, која неодамна беше зголемена од 1 отсто раст, бидејќи новата кредитна програма ја поддржува економијата.