Достапни линкови

ЕУ лидерите со поддршка за Украина сѐ додека е потребно


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеф Борел. Брисел, 29.06.2023
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеф Борел. Брисел, 29.06.2023

Дводневниот самит на лидерите на Европската унија, на кој доминираат разговори за војната во Украина и зајакнување на одбраната, продолжи во текот на ноќта на 29-30 јуни со изјава во која се повторуваат заложбите „да се обезбеди одржлива воена поддршка на Украина онолку долго колку што е потребно“.

Водачите на 27-те членки на унијата, исто така, рекоа дека „се подготвени да придонесат, заедно со партнерите, во идните безбедносни обврски кон Украина, кои ќе и помогнат на Украина да се брани долгорочно, да ги одвраќа актите на агресија и да се спротивстави на напорите за дестабилизација“.

Мнозинството од членките на ЕУ се, исто така во НАТО и се очекува тој трансатлантски сојуз да бара начини да и обезбеди дополнителни безбедносни гаранции на Украина, која не е членка, но истоовремено сеуште има резерви за можноста од полноправно украинско членство на претстојниот самит на НАТО на 11-12 јули.

Путин ја нарече окупацијата на Ростов на Дон од страна на Вагнер „Вооружен бунт“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:32 0:00


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се приклучи на самитот на ЕУ и ги истакна воочените слабости во руското раководство што се појавија за време на бунтот на 24 јуни од страна на лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин и илјадници негови платеници.

„Бунтот што го видовме викендот покажува дека има пукнатини и поделби во рускиот систем“, рече Столтенберг. „Во исто време, важно е да се подвлече дека тоа се внатрешни руски работи.

Говорејќи преку видео врска до собирот на ЕУ, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неодамнешниот неуспешен бунт на платеничката група Вагнер во Русија ја покажа „слабоста“ на земјата, велејќи дека ќе му помогне на Киев во неговата борба против бруталната 15-месечна инвазија на Москва.


„Ја гледаме нивната слабост, која ни е толку потребна“, рече тој.

„Колку е послаба Русија и колку повеќе нејзините газди се плашат од бунт и востанија, толку повеќе ќе се плашат да не иритираат. Слабоста на Русија ќе ја направи безбедна за другите“, додаде тој.

Коментарите доаѓаат откако Киев изјави дека остварува придобивки во „жестоките“ борби во источниот дел на земјата, но исто така и кога смртоносните руски гранатирања продолжуваат да предизвикуваат жртви врз цивилното население во Украина.

Зеленски побара и дополнителна воена помош, особено за напредни борбени авиони, и за членство во НАТО за неговата земја.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно го напушти европскиот самит во Брисел за да се врати во Франција на кризен состанок со министрите по три ноќи немири во земјата по убиството на тинејџер од страна на полицијата.

Макрон ја откажа својата последна прес-конференција во главниот град на Белгија пред да се врати дома, пренесува АФП.

Германскиот канцелар Олаф Шолц им рече на новинарите пред почетокот на самитот: „важно е да се консултираме и да кажеме дека сме подготвени да се одржиме долгорочно, со финансиска и хуманитарна поддршка што е неопходна за Украина, но и кога станува збор за оружјето“.

Во врска со бунтот на Вагнер на 24 јуни, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, пред самитот предупреди дека „ослабениот Путин е поголема опасност“, додавајќи дека „Сега треба да ја гледаме Русија како ризик поради внатрешната нестабилност. "

Откако започна контраофанзива претходно во јуни, Украина вели дека повторно воспоставила контрола врз групи села на југоисток.

Тврдењата не можеа да бидат независно проверени.

XS
SM
MD
LG