Зеленски поканет на самитот на ЕУ- Украина во февруари

Шарл Мишел и Володомир Зеленски во Киев, април 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е поканет на состанокот на високите претставници на Европската унија (ЕУ) и Украина, соопшти портпаролот на претседателот на Европскиот совет Баренд Лејтс.

„Самитот на кој Унијата ќе ја претставуваат претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе се одржи на 3 февруари“, изјави Лејтс.

Зеленски е поканет да дојде во Брисел, но местото на средбата се уште не е потврдено.

Видете и ова: Зеленски: нема да има компромис во војната против Русија

Украинскиот претседател моментално е во Соединетите Држави, на своето прво патување надвор од Украина од почетокот на војната на 24 февруари годинава.

На прес-конференцијата во Белата куќа, американскиот претседател Џо Бајден рече дека пакетот помош за Украина вклучува 1,85 милијарди долари „што вклучува и директен транспорт на опрема за Украина, како и договори за набавка на муниција, што ќе и требаат во наредните месеци."