Достапни линкови

Зеленски: нема да има компромис во војната против Русија

обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката седница на Конгресот на САД
обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката седница на Конгресот на САД

Во обраќањето на заедничката седница на Конгресот на САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сите Американци да продолжат да ја поддржуваат неговата земја, предупредувајќи дека сè што е помалку од победа ќе го загрози слободниот свет, вклучувајќи ги и САД.

За време на неговиот 22-минутен говор од говорницата на Претставничкиот дом на 21 декември, Зеленски истакна дека Украина може да победи во војната против подобро вооружената руска армија, но рече дека американската воена и финансиска помош е „клучна“ за постигнување конечна победа.

Зеленски се обиде да се поврзе со американскиот народ и членовите на двете партии во Конгресот, нагласувајќи дека вредностите на слободата и демократијата се загрозени во војната и повлекувајќи паралели меѓу борбите во источна Украина и историските американски битки.

Гутереш- Се надевам на мир во Украина следната година, но не сум оптимист

„Битката не е само за животот, слободата и безбедноста на Украинците. Тоа ќе дефинира дали ќе има демократија за Украинците и за Американците“, рече Зеленски, облечен во маслинест зелен џемпер и панталони во воен стил, на англиски јазик од говорницата на Претставничкиот дом.

Тој ги спореди воените напори на Украина со оние на американските војници во Втората светска војна и Војната за независност против Англија Војната „не може да се замрзне или одложи, не може да се игнорира, надевајќи се дека океанот или нешто друго ќе обезбеди заштита“, рече украинскиот лидер, додавајќи дека Украина може да ја добие војната со понапредно оружје, посочувајќи дека неговите вооружени сили биле во можност да ја задржат руската војска десет месеци и покрај сценаријата дека неговата земја ќе пропадне.

„Иако Русија има значајни предности во артилерија и оружје, нашите одбранбени сили се држат. Вашата поддршка е клучна, не само да застанете во таква борба, туку да се дојде до пресвртна точка за победа на бојното поле“, изјави тој.

Зеленски пристигна во главниот град на САД претходно истиот ден на неговото прво патување во странство од почетокот на руската инвазија пред 10 месеци.

Тој одржа состанок со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа за да разговара за помошта и текот на војната пред да разговара со конгресните лидери од двете партии.

„Сакам целиот народ на Украина да знае дека американскиот народ е со вас на секој чекор од патот и ние ќе останеме со вас“, рече Бајден, нагласувајќи ја важноста на нивната средба лице в лице и шансата Зеленски да ја исполни неговата порака.

„Важно е за американскиот народ и за светот, да слушнат директно од вас, господине претседателе, за борбата на Украина и потребата да продолжиме да останеме заедно до 2023 година“, рече Бајден на прес-конференција.

Посетата на Зеленски доаѓа додека Конгресот се подготвува да гласа за сеопфатниот нацрт-закон за буџетот, кој вклучува одредба за доделување на околу 45 милијарди долари дополнителна воена помош за Украина.

Бајден, исто така, најави нов пакет за безбедносна помош за Украина од 1,85 милијарди долари, кој вклучува батерија за противвоздушна одбрана „Патриот“, наведувајќи дека Соединетите држави ја споделуваат неговата визија за „слободна, независна, просперитетна и безбедна Украина“.

Десетици милијарди долари помош што Вашингтон ја испрати има за цел да обезбеди дека кога Зеленски ќе биде подготвен да преговара за спогодба со Москва, „ќе може да успее и затоа што ќе победи на бојното поле“, рече Бајден.

Блинкен: Путин не покажува знаци дека е заинтересиран за дипломатија

За време на неговиот состанок со Бајден, Зеленски рече дека Патриотите се најсилниот дел од новиот пакет. Тоа значи дека ќе има „добри вести“ кога ќе се врати во Киев и рече дека тоа е „многу важен чекор“ за заштита на воздушниот простор на Украина.

На Украина овие ракети и се потребни за да го спречи уништувањето на цивилната инфраструктура во земјата, вклучително и губењето на електрична енергија и топлина во студените зимски месеци.

Системите „Патриот“, сепак, нема веднаш да бидат распоредени бидејќи американските трупи прво ќе треба да ги обучуваат украинските сили како да го користат и одржуваат системот.

„Експлозии секоја минута:“ во Бахмут додека беснеат борбите

Украински војници поминуваат покрај графити на кои пишува „Бахмут ја сака Украина“ на 18 декември.

И Русија и Украина во моментов внесуваат луѓе и материјал во борбата за Бахмут, град во регионот Донбас во источна Украина кој има релативно мало воено значење, но стана жестоко оспоруван симбол за двете страни.
1/9 Украински војници поминуваат покрај графити на кои пишува „Бахмут ја сака Украина“ на 18 декември.

И Русија и Украина во моментов внесуваат луѓе и материјал во борбата за Бахмут, град во регионот Донбас во источна Украина кој има релативно мало воено значење, но стана жестоко оспоруван симбол за двете страни.
Украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак известува од зафатениот град Бахмут, една од актуелните фокусни точки на руската инвазија врз Украина.
Украински тенк фотографиран на периферијата на зафатениот град.

Руските сили првпат стигнаа до работ на Бахмут во јули, пред бранот на војната да се пресврти во корист на Украина по неколкуте руски повлекувања.

2/9 Украински тенк фотографиран на периферијата на зафатениот град.

Руските сили првпат стигнаа до работ на Бахмут во јули, пред бранот на војната да се пресврти во корист на Украина по неколкуте руски повлекувања.

Украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак известува од зафатениот град Бахмут, една од актуелните фокусни точки на руската инвазија врз Украина.
Руинирана зграда во Бахмут

Овие слики ги направи украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак за проектот Donbas Frontliner на 18 декември, додека битките продолжија да беснеат на периферијата на Бахмут, кој се наоѓа на околу 65 километри од Доњецк.
3/9 Руинирана зграда во Бахмут

Овие слики ги направи украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак за проектот Donbas Frontliner на 18 декември, додека битките продолжија да беснеат на периферијата на Бахмут, кој се наоѓа на околу 65 километри од Доњецк.
Украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак известува од зафатениот град Бахмут, една од актуелните фокусни точки на руската инвазија врз Украина.
Украински војници одмораат меѓу борбените задачи во подземната база во Бахмут.

Од неговото мирновременско население од околу 70.000, само околу 10.000 луѓе останале во градот.

4/9 Украински војници одмораат меѓу борбените задачи во подземната база во Бахмут.

Од неговото мирновременско население од околу 70.000, само околу 10.000 луѓе останале во градот.

Украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак известува од зафатениот град Бахмут, една од актуелните фокусни точки на руската инвазија врз Украина.
Жителите користат дрвја за загревање и за готвење храна во градот во првите редови.

Во објава на социјалните мрежи, фотографот Андриј Дубчак вели дека експлозии се слушаат „секоја минута“ во центарот на Бахмут.
5/9 Жителите користат дрвја за загревање и за готвење храна во градот во првите редови.

Во објава на социјалните мрежи, фотографот Андриј Дубчак вели дека експлозии се слушаат „секоја минута“ во центарот на Бахмут.
Украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак известува од зафатениот град Бахмут, една од актуелните фокусни точки на руската инвазија врз Украина.
Искршени прозорци на зграда во Бахмут.

Украинските војници велат дека руските сили во моментов применуваат опасни тактики во кои на слабо обучените војници им се наредува ефикасно да напредуваат кон украинските линии како „мамка“ за привлекување оган, помагајќи им на војниците во задниот дел да ги идентификуваат украинските позиции.
6/9 Искршени прозорци на зграда во Бахмут.

Украинските војници велат дека руските сили во моментов применуваат опасни тактики во кои на слабо обучените војници им се наредува ефикасно да напредуваат кон украинските линии како „мамка“ за привлекување оган, помагајќи им на војниците во задниот дел да ги идентификуваат украинските позиции.
Украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак известува од зафатениот град Бахмут, една од актуелните фокусни точки на руската инвазија врз Украина.
Војници минуваат покрај уништеното кафуле во Бахмут.

Континуираното гранатирање, вели Дубчак е „навистина лудо, навистина страшно“ во центарот на Бахмут бидејќи „Русија гранатира без никаква логика“.
7/9 Војници минуваат покрај уништеното кафуле во Бахмут.

Континуираното гранатирање, вели Дубчак е „навистина лудо, навистина страшно“ во центарот на Бахмут бидејќи „Русија гранатира без никаква логика“.
Украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак известува од зафатениот град Бахмут, една од актуелните фокусни точки на руската инвазија врз Украина.
Човек со дрво што ќе го користи за огрев. Графитите на ѕидот зад него пишуваат „слава на Украина!“

Дубчак вели дека причините поради кои жителите остануваат во градот се различни, вклучувајќи го и нагонот да се заштитат нивните имоти и стравот од тоа каков би бил животот како внатрешно раселено лице. Според Дубчак, има и некои цивили кои го чекаат доаѓањето на „рускиот свет“ ветен во пропагандата на Кремљ.
8/9 Човек со дрво што ќе го користи за огрев. Графитите на ѕидот зад него пишуваат „слава на Украина!“

Дубчак вели дека причините поради кои жителите остануваат во градот се различни, вклучувајќи го и нагонот да се заштитат нивните имоти и стравот од тоа каков би бил животот како внатрешно раселено лице. Според Дубчак, има и некои цивили кои го чекаат доаѓањето на „рускиот свет“ ветен во пропагандата на Кремљ.
Украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак известува од зафатениот град Бахмут, една од актуелните фокусни точки на руската инвазија врз Украина.
Украински војник во подземна воена база.

Украинските борци му рекоа на Дубчак дека борбите станаа нешто полесни отколку во раните недели од инвазијата во 2022 година, благодарение на снабдувањето со главно западно оружје и борбеното искуство што сега го имаат добиено силите на Киев.

Сепак, Дубчак за замрзнатиот, опколениот град вели: „Бахмут е кошмар“.
9/9 Украински војник во подземна воена база.

Украинските борци му рекоа на Дубчак дека борбите станаа нешто полесни отколку во раните недели од инвазијата во 2022 година, благодарение на снабдувањето со главно западно оружје и борбеното искуство што сега го имаат добиено силите на Киев.

Сепак, Дубчак за замрзнатиот, опколениот град вели: „Бахмут е кошмар“.
Украинскиот фоторепортер Андриј Дубчак известува од зафатениот град Бахмут, една од актуелните фокусни точки на руската инвазија врз Украина.
Previous slide
Next slide

Патриот се смета за еден од најнапредните американски системи за воздушна одбрана и нуди заштита од авиони, крстаречки и балистички ракети. Ракетниот систем за наведување земја-воздух обично вклучува фрлачи заедно со радар и други возила за поддршка.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека ракетните системи се „способни да соборуваат крстосувачки ракети, балистички ракети со краток дострел и авиони на значително повисок плафон од претходно обезбедените системи за противвоздушна одбрана“.

Бајден со порака до Конгресот: Украина и ковид 19 се приоритет

Бајден му посака добредојде на Зеленски во Белата куќа претходно само еден ден по најавата на посетата на Зеленски. Бајден му порача на украинскиот лидер дека е „чест да се биде покрај тебе во обединетата одбрана против она што е брутална, брутална војна“.

Зеленски му врачи на Бајден медал додека тој изразува благодарност за улогата на американскиот претседател во помагањето на Украина и собирањето поддршка од другите сојузници.

Бајден рече дека не е загрижен поради тоа што сојузот на земјите што ја поддржуваат Украина се заедно, додавајќи дека никогаш не го видел НАТО ниту Европската Унија пообединети.

• 16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG