Честитка на Блинкен за 110-годишнината од независноста на Албанија

Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска им честиташе на граѓаните на Албанија за 110-годишнината од независноста и 100-годишнината од американско-албанските дипломатски односи и широкото, силно партнерство. „Соединетите држави се почестени да работат заедно со Албанија во Советот за безбедност на Обединетите нации, бидејќи Албанија продолжува да дава силен придонес на глобалната сцена“, соопшти Стејт департментот, додавајќи дека Албанија „покажа лидерство и храброст со поддршката на Украина“, додека нејзиниот „придонесот како сојузник во НАТО и помага на Алијансата да остане силна, подготвена и одлучна“.

САД го зголемуваат притисокот против корупцијата во Македонија и на Балканот

САД, исто така, „и честитаат на Албанија на „постигнувањето на почетокот на преговорите за пристап во ЕУ“. „Работиме заедно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, обезбедуваме енергија додека ја унапредуваме заедничката климатска агенда за Европа и ја зајакнуваме сајбер одбраната. Како што го започнуваме следниот век на односи, горди сме што стоиме рамо до рамо со албанскиот народ“, се додава во честитката на Блинкен по повод Денот на независноста на Албанија.