Поддршката за Украина и хибридните закани во фокус на средбата Ковачевски – Катлер

Serbia - Belgrade, Serbia - The Prime Minister of Macedonia, Dimitar Kovacevski, today at a joint press conference with leaders from the Western Balkans, participants in the Conference on Investments in Renewable Energy Sources in the Countries of the Reg

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Дејвид Катлер при што тема на разговор била воената агресија на Русија врз Украина и понатамошното влијание на овие случувања врз глобалната енергетска состојба и прехранбената индустрија, сооопштија од владиниот кабинет.

Ковачевски на средбата ја истакнал цврстата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и посочил дека земјава ќе ја продолжи политичката и практичната поддршка за помош на Украина.

Оваа позиција била поздравена од Катлер, како исклучително важна за Алијансата, се посочува во соопштението.

Ковачевски и Катлер на средбата изразиле заемна благодарност за соработката на Северна Македонија со НАТО особено во делот на добивање навремени информации и соработката со македонските безбедносни служби.

„Ковачевски и Катлер на средбата разговараа за справувањето со хибридните закани, што е еден од главните приоритети на НАТО, посочувајќи дека Алијансата мора ефикасно да се бори против ваквите закани“, додаваат од владиниот кабинет.