Блиску до решение Србија да ни даде гас, а ние да им вратиме со струја

Белград - Премиерот Димитар Ковачевски на Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од регионот, во организација на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Амбасадата на Норвешка, 17 ноември 2022

Македонија и Србија се блиску до решение вишоците на природен гас на Србија да се искорисат за потребите на гасната централа во Македонија за производство на струја со капацитет од 205 мегавати, потврдија денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски и српскот претседател Александар Вучиќ

„На тој начин нашата индустрија ќе добие електрична енергија по пониска цена од она што го добива од регионалните берзи, а Србија ќе може да ги надомести своите недостатоци на електрична енергија во јужниот дел на земјата“, рече Ковачевски.

Вучиќ и Ковачевски учествуваа на Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од регионот, во организација на претседателот на Србија и Амбасадата на Норвешка.

Премиерот Ковачевски вели дека со солидарност и соработка најлесно ќе се преброди кризата.

Плановите да се искористат вишоците на гас кои ги има Србија да се направи струја во Македонија која потоа двете земји ќе се ја делат се зборуваше и пред неколку месеци. Ковачевски вели дека овојпат се многу блиску до решение.