Саниран дефектот, Карпош, Капиштец, Влае, Ѓорче Петров, Матка, Кондово и Сарај со нормално снабдување со струја

Саниран е дефектот поради кој регионите на Карпош, Капиштец, Влае, Ѓорче Петров, Матка, Кондово и Сарај утрово се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопшти ЕВН. „Прекинот се случи како последица од испад на 100-киловолтен далекувод од трафостаницата „Скопје 3“ до трафостаницата „Запад“. Екипите на Електродистрибуција за брзо време го санираа дефектот и корисниците веќе имаат нормално и стабилно снабдување со струја“, информираат од ЕВН.

Дистрибуцијата поскапа од струјата – само во Албанија има поскапа мрежарина од Македонија

Претходно од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информираа дека водоснабдувањето во високите зони во Скопје е со намален притисок поради дефект во мрежата на ЕВН. Без струја се пумпите во селата Рашче и Кондово и бунарите во Лепенец и Нерези поради дефект на ЕВН АД Скопје. Поради овој прекин во снабдувањето со електрична енергија во некои делови од градот водоснабдувањето ќе биде со намален притисок, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.