„Изнајми ме, за заедно да не правиме ништо!“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Шоџи Моримото, 38-годишен маж од Јапонија, вели дека се обидува да им помогне на оние кои сакале да имаат придружник покрај себе за да не прават ништо посебно заедно, но имале проблем да најдат некој таков. Затоа, ја нуди опцијата да го „изнајмат“ за да не прави ништо. И вели дека добро му оди. Тој сака да го смени општествениот став дека луѓето треба да прават нешто продуктивно за да се чувствуваат вредни и ценети.