Досијата од поранешната тајна служба тема во Собранието во Албанија

Илустрација, досиа на поранешните тајни служби

Пратениците во Албанија се договорија да ја отворат темата за декласификација на досијата од поранешната албанска тајна служба -ШИК. Координаторите на пратеничките групи во албанскиот законодавен дом, се договорија едно од првите прашања што ќе се најде на дневен ред по одморите е законски измени со кои ќе се овозможи декласификација на досијеата.

Триесетгодишната дебата за поранешните досиеја за безбедност беше повторно активирана во последните недели од јули откако Управата за досиеја испрати писмо до собранието во кое се наведува дека познат висок политичар со иницијали И.М. соработувал со поранешната државна безбедност. Веднаш потоа беше објавено дека станува збор за поранешниот претседател Илир Мета, кој пак постојано негира дека соработувал со поранешната тајна служба.

Според социјалистите со измените во законот за декриминализација, целта е да се исчисти албанската политика од шпиони.

Што сака да најде Бугарија во архивите на тајната полиција?

Во еден од членовите на постојниот закон се додава став кој предвидува дека „соработниците или фаворизираните лица на поранешното државна безбедност не смеат да се кандидираат или да бидат избрани за пратеници во Собранието на Албанија, за градоначалник или советник во советот на општината, и во никој случај не можат да добијат функција со гласање од Собранието“.

Пратениците предлагаат и законски измени со кои не се дозволува раководење на политичка партија од лидер со досие во државната безбедност или прогласен за „нон грата“ од друга земја.